verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Денот на сесловенските просветители секогаш се прославувал

on 26 - 05 - 2016       

Тито не дозволил денот на св. Kирил и Методиј да биде д_ - http___dnevnik.mk_

[Рецензија: Тито не дозволил денот на Св.Кирил и Методиј да биде државен празник]

 

Текстот за прославата на Денот на сесловенските просветители преку едно архивски заведено писмо на Димитар Влахов, потпретседател на Прездиумот на Сојузното собрание на ФНРЈ, секако е интересен „подарок“ за читателот. Писмото и околностите во кои тоа е пишувано е обработено фељтонски, има многу факти и тие се предадени „питко“. Проблемот со овој напис, сепак, потои и тој се гледа уште во насловот, кој се врзува за нечија недадена дозвола, иако оние кои се во зрели години секако се сеќаваат дека на тој ден не одеа на училиште или одеа на приредбите организирани по тој повод.

Тито не дозволил денот на св. Kирил и Методиј да биде д_ - http___dnevnik.mk_Линк до оригиналниот напис: Тито не дозволил денот на Св.Кирил и Методиј да биде државен празник

Датум и време на објавување: 22.05. 18:59

Датум на рецензирање: 25.05.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

„ТИТО НЕ БИЛ ЗАИНТЕРЕСИРАН“

„На 7 мај 1948 година, македонскиот револуционер, општественик и државник, Димитар Влахов, официјално, писмено побарал од Тито да се востанови нов државен празник посветен на солунските браќа свети Kирил и Методиј, а на чествувањето да му се даде карактер на празник на словенската култура, словенската солидарност, словенското единство. Писмото е регистрирано во Архивот на Тито, но одговор до Влахов … никогаш не стигнал, односно Тито очигледно не бил заинтересиран за таков третман на сесловенските просветители и учители.“

Можеби Јосип Броз и не бил заинтересиран за ова прашање, но факт е дека во минатото ниту едно училиште (основно, средно), како и факултетите на тој ден немаа настава. Имаше пригодни програми, а просветните работници, главно, го користеа тој ден за изведување семинари, за синдикална активност (обично во Охрид), ама Денот на сесловенските просветители имаше свое место во календарот на празнувања со децении пред да стане државен празник и неработен ден. Дали имало дозвола од Тито или не, не знаеме, ама дека тој си имал свое место на „празничниот каледнар“ и бил свечено одбележуван, тоа секако знаеме и паметиме (барем оние повозразните).

Јасно е дека едно е да се говори за празник како неработен ден за сите, а друго е ако се работи за ден кој има своја програмска содржина – независно што за тие што се актери во истите обележувања, како и за публиката,  денот е одново – неработен. Но, сепак, меѓу двете форми на празнување нема така големи разлики, а тоа сериозно го „отапува“ насловот, кој сугерира дека постоел некаков, најверојатно идеолошки отпор кон овој ден. Впрочем, идеолошките дитинкции би се јавиле кон содржините на програмите во просветата, а не кон простото седење дома.

Да не заборавиме дека за време на животот на маршалот, барем имаше и многу посодржајни одбележувања на денот отколку што е случај сега!

Оттаму, тектот е недоволно содржаен, без доволно објаснување на контрадикторностите кои излегуваат од сугерираниот заклучок, но затоа на еден начин се јавува обид за еднострано третирање на историска тема, дури и надвор од нејзината конкретна вредност.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести