verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Етикетирање и спинување

on 25 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Puls 24

[Рецензија: Активистите на СОРОС со ЗАКАНИ кон хендикепираните!]

 

Текстот е едностран, коментаторски и не се темели на факти. Изнесените информации, всушност, се произволни и непроверени заклучоци. Ваквото генерализирање се коси со новинарските стандарди за објективно информирање.

Пулс 24 Активистите на СОРОС со ЗАКАНИ кон лицата со хендикепЛинк до оригиналниот напис: Активистите на СОРОС со ЗАКАНИ кон хендикепираните! 

Датум и време на објавување: 7.12. 2015,15:26

Датум на рецензирање: 08.12.2015

Рецензент: Димитар Тануров

 

„ФЕЈСБУК“ – ЕДИНСТВЕН ИЗВОР

„Активистката за права на хендикепираните лица Бранкица Димитровска на својот профил на Фејсбук се соочува со закани и вулгарности од страна на активистите на СОРОС и на Канвас“.

Изнесените тврдења во написот се непроверени и се темелат на објави на социјалните медиуми. Пред сè, станува збор за едно лице, кое во приватна порака ѝ се заканува и ја навредува активистката, поради што не може да се врши генерализација и да се користи множинска форма. На профилот на лицето кое се заканува, нема податоци, ниту за возраст, ниту каде работи, а нема ни јавно објавени слики од личноста. Поради тоа не може да се утврди дали станува за вистински или лажен профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Немајќи никакви податоци за лицето кое стои зад профилот, не може да се тврди дека тоа е активист на Сорос или на Канвас. Единствената причина која се наведуваат овие податоци е за да се оцрнат двете споменати организации, кои во медиумите наклонети на владејачката партија во континуитет  ги обвинуваат за „заговорничко сценарио“ за уривање на власта.

Ваквиот начин на информирање е спротивен на Кодексот на новинари, кој налага објавување точни и проверени информации.

Член 1

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Член 14

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести