Од принтскрин од СМС, вест не бидува
Објавено во Рецензии
on 25 - 05 - 2016 Автор: Симона Атанасова[Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ АЕРОДРОМ ГО ТЕРА ЧЛЕНСТВОТО ДА ГО БОДРИ МЗТ]
Без аргументи и докази, политички пристрасен и едностран текст. Напишаното не е проверено од ниту еден извор, нема изјави од засегнатите страни, но има манипулативни коментаторски заклучоци.
Линк до оригиналниот напис: ВМРО-ДПМНЕ АЕРОДРОМ ГО ТЕРА ЧЛЕНСТВОТО ДА ГО БОДРИ МЗТ
Датум и време на објавување: 18.05.2016
Датум на рецензирање: 23.05.2016
Рецензент: Симона Атанасова
НЕПОТВРДЕНИ ОБВИНУВАЊА
„УМС ВМРО-ДПМНЕ Аеродром се фатени на дело како од службени телефони праќани илјадници пораки до партиски активисти на Вмро Дпмне од кои се бара да го бодрат МЗТ-Скопје во вечерашниот кошаркарски натпревар со КК Куманово“.
Единствени, наводни докази за ова се неколку принтскринови од СМС-пораки кои, наводно, биле испраќани од УМС. Во текстот не е напишано од каде се добиени овие наводни СМС-пораки ниту, пак, има какви било докази дека тие ги праќале членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Згора на сè, во текстот се тврди дека биле испраќани илјадници вакви пораки и тоа од службени телефони. И за ова нема конкретни докази или потврда од кој било друг извор.
Во написот, исто така, без ниту еден доказ се тврди дека градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, правел публика за МЗТ со закани и со притисоци како локална власт. Со оглед на тоа дека нема ниту изјава од градоначалникот Коневски ниту, пак, од раководството на клубот, оваа информација може да биде и целосна невистина.
Во текстот се вметнати и коментаторски делови, иако овој напис стои во категоријата „вести“. Така, во текстот коментаторски се заклучува дека „Нема држава, нема спорт, се е партија!“, а како аргумент за тој заклучок не е понудено ништо.
„Навивачката група нa МЗТ Скопје Фемили Аеродром и вечерва нема да биде на трибините во салата „Јане Сандански“, поради мешање во политиката на клубот во навивачката група, како и осумте кривични пријави против истакнати членови на Фемили поднесени од Ивица Коневски“.
И овој дел од текстот е понуден како проверена информација, но напишаното е „посиромашно“ за потврда на информацијата од навивачката група на МЗТ Скопје. Нема изјава од ниту еден навивач кој би го потврдил или бо го демантирал напишаното.
Иако во текстот не е напишано, на еден од принтскриновите пишува дека присутните треба да носат маички на кои пишува „не ме фарбај“. Но, според објавите во спортските медиуми, на натпреварот немало ниту илјадници членови на УМС, ниту маички со паролата „не ме фарбај“.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови