verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Напис кој поттикнува омраза

on 27 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #205 - 'Përmendorja e fyesit të Profetit Muhamed do të vendoset në mes të Shkupit I ALMAKOS' - www_almakos_com_permendorja-e-f

Напис: Споменикот на навредувачот на пророкот Мухамед ќе се постави среде Скопје

Три планирани споменици ќе се постават во центарот на Скопје, кои се веќе се влезени во територијлните планови на Република Македонија, а меѓу нив и тој на Пјетер Богдани, остар критичар на Албанците муслимани, пренесува порталот „Илирида“.

На социјалните мрежи почнале да се прават повици против поставувањето на неговиот споменик во Скопје, каде мнозинството Албанци припаѓаат на исламската вера, критикувајќи ја остро ДУИ на Али Ахмети и најавувајќи протести за да се запре овој криминал против муслиманите.

Во неколку книги од Пјетер Богдани, пророкот Мухамед се обвинува како навлечен на блуд и како хипокрит.

За исламот тој вели: „Исламот е инспирација на ѓаволот“.

Омразата на Пјетер Богдани против исламската вера и светиот Кур’ан, оди до тој степен што тој се заканува дека „со крв и со меч ќе ги бришел сквернавените траги на Кур’анот“.

[Рецензија: Споменикот на навредувачот на пророкот Мухамед ќе се постави среде Скопје]

Новинарот треба да внимава кога известува за деликатни прашања, како што се тие што го допираат аспектот на верата и на убедувањето. Тој никогаш не смее да биде тенденциозен и да провоцира омраза, особено во едно хетерогено општество како што е нашето во Македонија.

„Три планирани споменици ќе се постават во центарот на Скопје, кои се веќе се влезени во територијалните планови на Република Македонија, а меѓу нив и тој на Пјетер Богдани, остар критичар на Албанците муслимани, пренесува порталот ’Илирида’“.

Потсетуваме дека Етичкиот кодекс на новинарите јасно одредува дека: „Новинарот треба да се придржува до прифатените општествени стандарди што имаат врска со достоинството и почитта кон етничките, културните и религиозните разлики во Македонија“.

Следниот параграф е основа на провоцирање на омразата. Во него се соопштува дека на социјалните мрежи почнале да се прават повици против поставувањето на овој споменик, но никаде во текстот не се прикачени барем некои реакции или такви повици, за да се докаже тоа што се вели.

„На социјалните мрежи почнале да се прават повици против поставувањето на неговиот споменик во Скопје, каде мнозинството Албанци припаѓаат на исламската вера, критикувајќи ја остро ДУИ на Али Ахмети и најавувајќи протести за да се запре овој криминал против муслиманите“.

Përmendorja e fyesit të Profetit Muhamed screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Споменикот на навредувачот на пророкот Мухамед ќе се постави среде Скопје”

Датум и време на објавување: 18.05.2016

Датум на рецензирање: 19.05.2016

Рецензент: Адриан Керими

Во ваков случај, кога нешто како поставување биста предизвикува реакции кај една или друга верска заедница (доколку е вистина дека имало реакции, бидејќи во текстот никаде не се докажува такво нешто), новинарот е должен да контактира со одговорните институции и да побара нивен став во врска со првите реакции за поставувањето на бистата на Пјетер Богдани. Во овој случај, новинарот бил должен да побара став од институцијата што ја презела иницијативата за поставувањето на оваа фигура во Скопје. Би било во ред доколку беше побарано став и од Исламската верска заедница на Македонија, која е институцијата што ја брани и ја претставува муслиманската заедница во Македонија.

„Во неколку книги од Пјетер Богдани, пророкот Мухамед се обвинува како навлечен на блуд и како хипокрит.

За исламот тој вели: „Исламот е инспирација на ѓаволот“. Омразата на Пјетер Богдани против исламската вера и светиот Кур’ан оди до тој степен, што тој се заканува дека „со крв и со меч ќе ги бришел сквернавените траги на Кур“анот“.

На „вести“ како оваа јавноста, нема причина да им поверува. Целата информација е преземена од еден друг информативен портал (условно кажано), е пренесена како верифицирана и потврдена, но во ниту еден момент не е одредена автентичната маса на информацијата, извори и докази и ниту проценки од експертите или засегнатите страни. Текстот завршил без автор, што сега веќе стана секојдневие за голем број текстови во информативните портали. На овој начин се замаглува јавноста со информации, кои и да се вистинити, извадени од контекстот на 17 век и ставени во 21 век, може да поттикнат реакции и насилство, а зад истите нема потпишана личност која би зела одговорност за јавно кажаниот збор.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност,

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

говор на омраза

Може да поттикне

дискриминира

верска дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести