verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Има за „Платеничка револуција“, а нема за „Шарената револуција“

on 27 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Граѓаните за платеничката револуција__ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_g

[Рецензија: Граѓаните за платеничката револуција: Нема пари, нема мир (ФОТО)]

 

Шпекулации, неаргументирани тези, девалвирање, клеветење… И, сето ова го има во овој текст кој е направен крајно непрофесионално, без ниту еден потребен елемент за коректен и веродостоен новинарски производ. Написот нема прецизни извори на информации, нема аргументација, нема втора страна, но затоа натежнува од паушални обвинувања и со коментари.

platenicka recolucijaЛинк до оригиналниот напис: Граѓаните за платеничката револуција: Нема пари, нема мир (ФОТО)

Датум и време на објавување: 24.05.2016, 20:40

Датум на рецензирање: 26.05.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НАСЛОВОТ ГЕНЕРАЛИЗИРА

Да почнеме со ред.  Објавата е врамена со наслов што генерализира:„Граѓаните за платеничката револуција: Нема пари, нема мир (ФОТО)“. Ваквата насловна конструкција остава впечаток дека се работи за доминантен став во јавноста, а всушнот, како поткрепа за искажаното, се нудат само неколку  графити со погрдни пароли. И тоа е сè. Во текстот  само се вели дека „осамнале графити со пораки за платеничката револуција“:

„Профитирам“, „Нема пари, нема мир“, „Платеничка револуција“….

Но, нема изјави од револтираните граѓаните ниту, пак, објаснување зошто изворно не се прикажани такви искази. Можеби луѓето не сакале да излезат во јавност, но тоа мора да се напомене во текстот. Вака, како што е пласиран, овој новинарски производ остава простор за сомнеж. Можеби, на пример, се работи за партиски активисти.

 

КЛЕВЕТИ

Овој пасус, пак, е полн со клевети.

„Аферата платеничка револуција каде со пари од Сорос раширени низ чадор на десетици невладини организации се финансираат протести, фингирани вести, јавни настапи и деструктивни активности на опозицијата навлегува длабоко во општеството и како канцер е раширено низ огромен број на јавни сфери.“

Со леснотија се расфрлаат со тези дека невладини организации земале пари за протести и слично, а во ниту еден момент не се аргументира тоа. Ако некој се напаѓа, редно е да му се даде можност и да се брани. Тука ја нема втората страна на приказната, со што текстот губи од содржајноста и од објективноста. Независно кој се критикува, написот мора да ѝ даде простор и на засегнатата страна да го каже својот став.

Во овој едностран напис нема ниту збор за тоа зошто протестираат граѓаните и кои се нивните барања. Од текстот не може да се разбере дека масовните протести се испровоцирани од аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов, дека траат веќе два месеца и дека „Шарена револуција“ се прошири низ целата земја. Отсуството на овие информации го прави текстот „тенок“, необјективен и нагласено тенденциозен.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести