verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вестите без факт – алатка на војската на пропагандата

on 27 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #206 - 'Kim Mehmeti “gjeneral i ushtrisë së vdekur”_! – Fol_mk' - fol_mk_kim-mehmeti-gjeneral-i-ushtrise-se-vdeku

Напис: Ким Мехмети „генерал на мртвата војска“?!

Ким Мехмети, кој се самопрогласил за портпарол на албанското незадоволство, малку денови го делат од тоа да се нарече „портпарол на мртвиот совет“! И, овој ден доаѓа со брзи чекори! Со секој ден што поминува, Ким е сè поблиску и поблиску до заслужената титула.

За читателите што не слушнале за опозицискиот совет, тој првично беше наречен Натпартиски совет, но потоа беше преименуван, откако видоа дека тој не беше таков, бидејќи не беа сите ниту опозициски, а ниту позициски партии, како ДУИ и ДПА. Значи, реално, не беше ни „опозициски совет“! Таканаречениот „опозициски совет“ броеше две партии, Движењето Беса и ПДП. Движењето Беса уште не е легитимирано на избори, каде што ќе се мери неговата политичка тежина. ПДП, пак, е „умрена“ како партија уште пред две децении! На последните избори се тркаше само во избирачката единица број 6 и доби сè на сè 300 гласа, кои не ги опфаќаа ни гласовите на семејствата на нејзиното раководство. Затоа, кога зборуваме за „опозицискиот совет“ тој не претставува еден сериозен орган како што посакува да биде нејзиниот „портпарол“, Ким Мехмети.

И, причината поради која решивме да го напишеме овој текст, е смелоста на „портпаролот на опозицискиот совет“, Ким Мехмети, да го укори Движењето Беса, да  каже дека доколку тие преговараат со ДР – ДПА, тогаш ќе ги избркаат од „Опозицискиот совет“!!! Не смејте се, затоа што не сум завршил, имам уште за кажување… Ким продолжува со заканите за Беса, велејќи им дека „Опозицискиот совет не е член на Движењето Беса, туку дека Беса е членка на Опозицискиот совет“! Колку интересно!  Сега смејте се колку што сакате, затоа што и јас се смеам…! Кутриот тој, можеби во моментот кога го кажал ова, заборавил дека ако Движењето Беса го напушти советот, тогаш Ким Мехмети ќе се вика „портпарол на мртвиот опозициски совет“, затоа што таков ќе остане, затоа што ПДП веќе паднале во заборав!

 

[Рецензија: Ким Мехмети „генерал на мртвата војска“?!]

Слободата на изразување и на политичко мислење е важна состојка на демократијата. Медиумот дава еден простор за изразување на различното мислење и не смее да се манипулира за да се задоволат апетитите на разни политички субјекти, туку треба да биде во служба на општиот јавен интерес.  Меѓутоа, ова треба да се прави нудејќи добро аргументирани  и објективни новинарски производи за некоја јавна личност или политичка опција.

download (1)
Линк до оригиналниот напис:
 „Ким Мехмети „генерал на мртвата војска”?!”

Датум и време на објавување: 23.05.2016

Датум на рецензирање: 25.04.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Новинарскиот производ што го рецензираме, доколку беше во секцијата на коментари, можеби немаше да биде рецензиран. Меѓутоа, вака како што е сервиран во јавноста, овој коментар маскиран како вест, не држи вода. Новинарите треба да прават разлика помеѓу коментарот и веста. Според етичкиот кодекс, тие имаат право да имаат свое мислење, став и процена, но не смеат своите мислења да ги камуфлираат како факти.

„Ким Мехмети, кој се самопрогласил за портпарол на албанското незадоволство, малку денови го делат од тоа да се нарече „портпарол на мртвиот совет“! И, овој ден доаѓа со брзи чекори! Со секој ден што поминува, Ким е сè поблиску и поблиску до заслужената титула“.

Текстот донесува заклучок дека Опозицискиот совет е мртов и дека е составен само од две партии, од кои едната ја прогласува за мртва, додека на другата ѝ дава вредност без да го основа овој став на ниеден факт. Наместо овој пристап, текстот треба да понуди повеќе аргументи, за информацијата да биде убедлива и и објективна.

„За читателите што не слушнале за опозицискиот совет, тој првично беше наречен Натпартиски совет, но потоа беше преименуван, откако видоа дека тој не беше таков, бидејќи не беа сите ниту опозициски, а ниту позициски партии, како ДУИ и ДПА. Значи реално не беше ни „опозициски совет“! Таканаречениот „опозициски совет“ броеше две партии, Движењето Беса и ПДП. Движењето Беса уште не е легитимирано на избори, каде што ќе се мери неговата политичка тежина. ПДП, пак, е „умрена“ како партија уште пред две децении“!

Етичките новинарски стандарди нè учат дека медиумот и новинарот не треба да објават материјал (информација, фотографии, мислење, коментар) што има цел да шири непријателство или омраза или ако постои голема сигурност дека објавениот материјал ќе предизвика непријателство или омраза кон некого.

Инаку, во текстот што го рецензираме се спомнува името на Ким Мехмети, се носат заклучоци за неговата политичка активност, а не е земена никаква изјава од него, ниту му е даде простор за да ги коментира обвинувањата против него.Секој има право на изјаснување, а особено страната која се обвинува во еден текст за кој се тврди дека е информативен. Освен ова, во содржината недостигаат и изјави од професионалците во оваа област, граѓаните, но и од другите спомнати политички субјекти или оние што се важни во контекст на оваа содржина. Вака, написот би ја добил соодветната нијанса за да се нарече објективна и потврдена вест.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност,

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести