verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Навреди за сопствената публика!

on 27 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

dnevnik

[Рецензија: Заев и Шекеринска се посебни, ние другите сме стока]

Едно од елементарните правила и една од првите лекции во новинарството е дека на прашањата на новинарите одговораат директно засегнатите, овластените, експертите или авторитетите. Изборот е токму по тој редослед.

Текстот што го рецензираме не ги познава овие правила и лекции и си одговара сам себеси. Еве, повелете:

„Дали појавувањето на Зоран Заев и Радмила Шеkеринска, првите две виолини во СДСМ, на завчерашниот протест во Скопје и фрлањето балони со боја врз Министерството за правда од нивна страна не е смислен потег со кој раководството на СДСМ сака да искористи уште една привилегија од македонските институции повикувајќи се на својата политичка позиција на предводници на опозицијата? „Нека ги казнат Зоран Заев, Фијат Цаноски, Билјана, Самка, сите што н` гледате тука како претседатели на партиите и сите овие граѓани што се потписници, а се илјадници на број, не може да н` казнат сите, не може да н` запрат“, рече Заев упатувајќи ги балоните со боја врз зградата на една македонска институција. Дали во овие зборови на Заев, всушност, не се открива неговата намера дека политичките лидери треба да бидат привилегирани и различни од „обичните“ граѓани кога се однесуваат вандалски?

Малку е подолг цитатот, ама е неопходен за да докажеме дека „сам прашува – сам одговара“.

05272016-Dnevnik-PrivilegiiЛинк до оригиналниот напис: Заев и Шекеринска се посебни, ние другите сме стока

Датум и време на објавување: 26.05.2016

Датум на рецензирање: 27.05.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

„САМ ПРАШУВА – САМ ОДГОВАРА“

За волја на вистината, во текстот се наведува дека „ги прашавме СДСМ“, но погледенете како прашале:

„Ги прашавме во СДСМ и дали ваквата изјава на нивниот лидер всушност не е предупредување до институциите дека никој не смее да се осмели да го казни и покрај тоа што прави прекршок или кривично дело, но одговори не добивме“.

Кога во прашањето имате спакуван одговор, јасна е намерата. Секако, не ги оправдуваме адресираните зашто сметаат дека некои прашања не заслужуваат одговор, но тоа не било пречка текстот, сепак, да биде напишан.

Одговорот на прашањето е извлечен од јавноста, а ниту е наведено која е таа јавност, каде е тоа објавено… Едноставно „коментарите на јавноста“ е извор во текстот. Еве, повелете, не чудете се:

„Kоментарите во јавноста се дека ако тоа што го сторија Заев, Шекеринска, Цановски…, а претходно и неколку професори, го стореше обичен граѓанин, полицијата ќе реагираше веднаш и жестоко и оти тоа е доказ дека дури и во „револуција“ за правда лидерот на опозицијата не е еднаков со сите и се поставува над законот“.

Освен овој тип професионални слабости, како што се текст без извор, без втората страна, пред нас е медиумска содржина полна со интегрирани коментари и со политичка пристрасност.

Во овој текст откриваме и еден нов феномен: Самонавредување.

Ова го извлекуваме од насловот кој во вториот дел вели дека: „…ние другите сме стока“, зашто не би сакале да веруваме дека оваа автонавреда се однесува на сите граѓани на државата или, пак, на публиката на медиумот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

Виртуелни

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести