Рецензии

Демонизација и одмазда

на 3. 06. 2016 | | sq
  [Рецензија: Шарените почнаа да работат и против себе!]   Широк  е спектарот на манипулациите на пропагандата. Најстрашно е кога во нив учествуваат и медиумите Една од основните особини на новинарските содржини е да имаат во себе некоја новина. Кога веќе се објавуваат, да понудат нешто што било различно од вчера. Што донесува ново оваа медиумска содржина? Ништо. Најважните поенти во текстот се дека протестите на улиците во Скопје и во другите градови, се во организација на СДСМ и на „СОРОС“. Ова „СОРОС“ е интересно зашто секогаш се пишува со големи букви, а воопшто не е акроним, кратенка од нешто, и никогаш не е објаснето што значи тоа „СОРОС“. Официјалниот организатор, граѓанската иницијатива „Протестирам”, е само параван, додека вистинскиот организатор

Напад врз СЈО со сите средства

на 3. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: СЈО продолжува со нетранспарентното работење и ограничување на медиумите]

  Кога на мета на медиумите наклонети кон владејачката партија ќе се најде некоја институција, тогаш не се избираат средства и начини таа постојано да се напаѓа. Тоа е случајот и со Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Како по наредба, кога има некој нов момент (како што е најавата за прес-конференција), веднаш се зазема борбена позиција и се напаѓа со сите „оружја“. Притоа воопшто не се води сметка дали текстот е професионален или не. Токму таков е и овој напис. Линк до оригиналниот напис: СЈО продолжува со нетранспарентното работење и ограничување на медиумите Датум и време на објавување: 02.06.2016,15:31 Датум и време на рецензирање: 03.06.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

САМО ДА

Веста не се заменува со пропаганда за ќеф на министерот

на 3. 06. 2016 | | sq

Напис: Министерот Амети се качува на планини

Министерот за животна средина, Башким Амети, вчера му се придружи на Здружението на планинари – Скопје во качувањето на планината Китка. Министерот Амети пишува на социјалната мрежа „Фејсбук“ дека природните богатства треба да ги чуваме и да ги негуваме, бидејќи од сите нас зависи дали ќе ја имаме или не таа природа што ја бараме. Инаку, оваа активност се одржа по повод втората годишнина на Здружението на планинари – Скопје, при што една група активисти патуваа до планината Китка. Оваа планина се наоѓа на северо-западниот дел на Скопје, со надморска височина од 1.588 метри. Министерот Амети и порано обожавал планинарење и со ова хоби не престана и по именувањето на министерската позиција неодамна,

Без „пашата“ како втора страна, нема професионална вест!

на 3. 06. 2016 | | sq

 

Напис: ДР-ДПА удира по „пашата“ на Сарај, Беким Мурати

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДР-ДПА -САРАЈ, СО ОБВИНУВАЊА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА, БЕКИМ МУРАТИ: БУКОВИЌ ЧЕТИРИ ДЕНА БЕЗ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ!!! Не сакам да бидам погрешно разбран од никого, но морам да реагирам (како претседател на разгранокот на ДР-ДПА од Сарај) во врска со нефункционирањето на Општина Сарај и особено на градоначалникот Беким Мурати. Ние сите сме ја разбрале неговата улога во функционирањето на оваа Општина и оваа реакција му ја насочуваме нему, немајќи друг излез. Едноставно барам општинските власти на Сарај да ја вршат работата за која се гласани и земаат плати; да ги штитат граѓаните и нивните интереси! Кому да му се обратат за помош граѓаните на с. Буковиќ, кога

Наместо информација, промоција на култ на личноста

на 3. 06. 2016 | |

[Рецензија: Вчера Груевски на Терен вршеше увид на градбата на струмичката болница, СДСМ и Заев фарбаа и сквернавеа објекти]

  Самиот наслов на овој напис кажува што била намерата кога бил пишуван – наместо да информира,  да биде материјал за пропаганда на потезите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе се претставуваат во најубаво светло и, паралелно, потезите на опозицијата, која ќе биде исмејана и критикувана. Во него се поентира за божемната деструктивност на противниците на власта, за сметка на домаќинската и градителски настроена власт, со посебен акцент на главниот протагонист, лидерот на владејачката партија. Притоа, забележливо е дека не е водено сметка ниту за вистината, ниту за објективноста, избалансираноста, ниту за едноставни, општопознати факти, кои на тврдењата ќе им дадеа сосема

Цело е кога има сѐ

на 2. 06. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Иванов – државник со бројни меѓународни признанија и награди]

Кога еден текст има намера библиографски да анализира некого – во овој случај претседателот на државата – тоа мора да биде направено коректно и целосно. Не смее написот да оддава чувство дека не е сработен како што треба или дека има тенденција нешто да прикрие. А кога ќе се прочита овој текст, се создава силен впечаток на нецелосност, имајќи ги предвид, на пример, гафовите на првиот човек на државата, Ѓорге Иванов, кои изминативе денови ја анимираа јавноста, а во овој текст не нашле место. Но, отсуствуваат и други факти.   Линк до оригиналниот напис: Иванов – државник со бројни меѓународни признанија и награди Датум и време на објавување: 31.05.2016,

Непотврдена вест – непрофесионална практика

на 2. 06. 2016 | | sq

 

Напис – Ексклузивно: Прекопуца добива 5 илјади евра награда, наградени и сите други членови на ДИК, дали има злоупотреби?!

Скопје, 28 мај – Друг скандал ја тресе Македонија. Агенцијата за вести „Журнал“ дознава дека деветте членови на ДИК добиле награда од 5.000 евра секој поради нивната работа во врска со организирањето на изборите кои не успеаја да се одржат на 5 јуни. Заменик-претседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, добил 5.000 евра награда врз основа на една одлука што ја усвоила ДИК веднаш откако Собранието донесе одлука изборите во Македонија да не се одржат на 5 јуни.
Со оваа одлука не се обогати само Прекопуца со 5.000 евра, агенцијата за вести „Журнал“ дознава дека и другите осум членови на ДИК добиле

Нецитирана копија на агенциска вест

на 2. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Продолжува судењето на обвинетите за „Диво Насеље“

Поради недостиг од просторни и безбедносни услови за одржување на судењето во Основниот суд Скопје 1, судската постапка против обвинетите за случајот „Диво Насеље“ се очекува да продолжи денеска во големата сала на Врховниот суд. Од Основниот суд Скопје 1 претходно ја побараа големата сала на Врховниот суд, но барањето беше одбиено со образложение дека таа просторија е од свечен карактер и не е опремена да функционира за судско рочиште. За настаните од Диво Насеље се обвинети 29 лица, а како членови на логистиката – осум лица. На 9 и на 10 мај 2015 година во Диво Насеље, Кумановско, вооружена група се судри безбедносните сили. При пукањето животот го загубија осум

Односи со јавноста наместо новинарство

на 2. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Топ вест: Острени неблагодарен, од 2008 година секој месец зема од „Телеком“ по 2 илјади евра?!

Скопје 19 мај –  Поранешниот генерал на ОНА од 2001 година во Македонија, Гзим Острени, од крајот на војната до ден денес, повеќе од 15 години продолжува да ужива различни привилегии од власта, известува „Журнал“. Од 2002 година, кога ДУИ победи на изборите и стана дел од извршната власт, генералот Острени ја вршел функцијата пратеник, потпретседател на Собранието, како и член на управниот одбор на „Телеком“, позиција која продолжува да ја врши и ден денес. Иако неговите месечни паушали од позицијата член на управниот одбор на „Телеком“ достигнуваат до 2.000 евра, албанскиот генерал, сега во пензија (74-годишен), излезе незадоволен од политиките што 

Спинувана приказна

на 1. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: Новинарите од Телма избркани од работа под притисок на СДСМ – не сакале да работат по инструкции]

  Текстот се обидува преку пренесување  непроверени информации да ја спинува вистината и уште во насловот (дез)информира дека „Новинарите од Телма (се) избркани од работа под притисок на СДСМ – не сакале да работат по инструкции“. Влезот на текстот е исправен, се пренесува информацијата за отказните решенија во „Телма“ и се посочуваат некоколку искусни новинари кои се погодени со одлуката. Но, во следниот пасус се нуди контрадикторна информација, со која на „мала врата“ се обидува да се протне шпекулација што треба да послужи за политички спин. Линк до оригиналниот напис: Новинарите од Телма избркани од работа под притисок на СДСМ – не