Спинувана приказна
Објавено во Рецензии
on 1 - 06 - 2016 Автор: Димитар Тануров[Рецензија: Новинарите од Телма избркани од работа под притисок на СДСМ – не сакале да работат по инструкции]
Текстот се обидува преку пренесување непроверени информации да ја спинува вистината и уште во насловот (дез)информира дека „Новинарите од Телма (се) избркани од работа под притисок на СДСМ – не сакале да работат по инструкции“. Влезот на текстот е исправен, се пренесува информацијата за отказните решенија во „Телма“ и се посочуваат некоколку искусни новинари кои се погодени со одлуката. Но, во следниот пасус се нуди контрадикторна информација, со која на „мала врата“ се обидува да се протне шпекулација што треба да послужи за политички спин.
Линк до оригиналниот напис: Новинарите од Телма избркани од работа под притисок на СДСМ – не сакале да работат по инструкции
Датум и време на објавување: 26.05.2016, 08:55
Датум и време на рецензирање:31.05.2016
Рецензент: Димитар Тануров
КОНТРАДИКТОРНИ ИНФОРМАЦИИ
Најпрво текстот кажува дека отпуштените не добиле образложение за одлуката за прогласување технолошки вишок, а потоа вели дека добиле писмено известување во кое „било наведено дека тоа е заради намалување на трошоци“. Ова изгледа збунувачки. Двете информации, една со друга си контрираат и нелогично е да се сместат во иста реченица.
Дополнително, на ова се налепува паушална информација, која не е поткрепена со факти ниту, пак, прецизно е лоциран изворот:
„Сепак, според информациите до кои дојде Журнал, тие се отпуштени под притисок на СДСМ бидејќи стоеле на страна и не сакале да работат под инструкции и со нарачани прилози.“
Информацијата е само нафрлена. Во неа не е пренесена изјава од новинарите за кои се соопштува дека се прогласени за технолошки вишок ниту, пак, има став од раководството на компанијата. Наместо тоа, текстот потсетува на смената на раководството на телевизијата што се случи пред речиси две години.
Ваквиот начин на информирање без наведување или приближно лоцирање на изворот, без поткрепа и аргументација на изнесените податоци, без вклучување на втората, засегнатата страна, е спротивно на тоа што го налага Кодексот на новинарите:
Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. (Член 1)
Ако новинарот е спречен да дојде до бараната информација има право за тоа да ја информира јавноста.(Член 2)
Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.(Член 4)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови