verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наместо информација, промоција на култ на личноста

on 3 - 06 - 2016       

netpres 1

[Рецензија: Вчера Груевски на Терен вршеше увид на градбата на струмичката болница, СДСМ и Заев фарбаа и сквернавеа објекти]

 

Самиот наслов на овој напис кажува што била намерата кога бил пишуван – наместо да информира,  да биде материјал за пропаганда на потезите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе се претставуваат во најубаво светло и, паралелно, потезите на опозицијата, која ќе биде исмејана и критикувана. Во него се поентира за божемната деструктивност на противниците на власта, за сметка на домаќинската и градителски настроена власт, со посебен акцент на главниот протагонист, лидерот на владејачката партија. Притоа, забележливо е дека не е водено сметка ниту за вистината, ниту за објективноста, избалансираноста, ниту за едноставни, општопознати факти, кои на тврдењата ќе им дадеа сосема друга димензија.
Божемната деструктивност на опозицијата во овој текст служи за да биде контрапункт за позитивноста на ликот и на делото на Никола Груевски. Во тоа помагаат обемните цитати од неговото обраќање од „увидот“, кои сочинуваат речиси третина од целиот текст, манир на пренесување кој во новинарството се користи само во исклучителни случаи, кога се изнесуваат особено значајни информации или кога изложувањето на некоја личност треба да биде доловено што е можно повтентично за да го зајакне ефектот на пренесената информација.

Рецензија: Информирање или градење култ на личноста?Линк до оригиналниот напис: Вчера Груевски на Терен вршеше увид на градбата на струмичката болница, СДСМ и Заев фарбаа и сквернавеа објекти

Датум и време на објавување: 29.05.2016

Датум на рецензирање: 1.06.2016

Рецензент: Југослава Дуковска

 

БАБИ И ЖАБИ

„Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера на терен вршеше увид на градбата на струмичката болница во која се инвестираат над 7 милиони евра, додека пак лидерот на СДСМ Зоран Заев продолжува да го кочи напредокот на земјата“.

Оваа реченица има неколку проблеми. Првиот е тврдењето дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го кочи напредокот на земјата, што е паушално тврдење само по себе и не е даден ниту еден доказ дека е тоа вистинито. Но, бидејќи е ставено во иста реченица во која, пак, Никола Груевски вршел увид во изградбата на струмичката болница, од ова реченица би требало да произлезе заклучок дека, за разлика од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е посветен на развојот на државата, лидерот на опозицискиот СДСМ е посветен на нејзината деструкција со учеството на протестите против власта. Според тоа, учеството во протести против власта е изедначено со деструктивност, што е проблематично од аспект на вистинитоста. Како тоа Заев го кочи напредокот на земјата, овој текст воопшто не се труди да одговори.

Вториот момент е дали посета на еден партиски лидер, но не и државен функционер, па бил тој и претседател на партија во власта, на едно градилиште, при што тој врши некаков увид во изградба на болница, градена не со партиски туку со пари од граѓаните, воопшто е вест која заслужува вака обемно покривање. И самиот израз „вршел увид“ е проблематичен бидејќи асоцира дека Груевски настапува од позиција на некаков неприкосновен авторитет кој некому доделил некаква обврска, па и пари за нејзина реализација, а сега само врши увид во тоа како обврската се реализира. Тоа е, во најмала рака, недемократска злоупотреба на авторитет и на државни ресурси, како и на медиумски простор, за себепромоција во домаќински, конструктивен и авторитативен водач. Третиот е следново: освен што дезинформира и што е грубо неизбалансирана, самата конструкција на реченицата изгледа нелогично и споредува баби и жаби: „прави увид-кочи напредок“, што никако не може да се нарече новинарски приод кон фактите.

 

КОЈ ЗАГОВАРА УКРАИНСКИ СЦЕНАРИЈА, А КОЈ СПИНУВА?

Еве уште една реченица, која го отсликува пристапот во овој напис:

„Од друга страна, продолжуваат најавите за украински сценарија и поддржувањето на насилни протести“.

Кој најавил и кој продолжува да најавува украински сценарија? Иако тука е јасна алузијата на СДСМ, од оваа партија немало досега ниту една единствена изјава која би била отворена или индиректна најава за некакви „украински сценарија“. Обвинувањата за украинско сценарио се спинувања на еден исказ на Заев, даден во интервју за „Топ-тема“ на „Телма“ од 13 април 2016 г., во кое тој, на прашањето на новинарот дали претседателот Иванов постави темели за украинското сценарио, одговара: „Да, може така да се каже“. Од овој одговор не може да се заклучи дека Заев најавува дека тој или опозицијата имаат планови за организација на насилства, туку само дека смета дека ескалација на политичката состојба по одлуката за аболиција, што ја донесе Ѓорге Иванов, е можна. Но, доколку се внесат клучните зборови „украинско сценарио“ и „Македонија“ на „Гугл“, се добиваат следниве резултати: „Потврдено и од американските новинари: Соросоидите сакаат украинско сценарио во Македонија! (Вечер), „ВМРО-ДПМНЕ: Заев спроведува украинско сценарио во Македонија“ (Актуелно24), Заев во немоќ и очај најави украинско сценарио (Нетпрес). Тоа покажуба дека наративот за некакви украински сценарија го форсираат ВМРО-ДПМНЕ и медиумите наклонети кон владејачката партија, извртувајќи една единствена реченица на Заев.

 

КАКОВ ЧОВЕК Е ГРУЕВСКИ?

Овој напис има отклон дури и од вообичаеното пристрасно информирање во полза на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, со пренесувањето безмалку на комплетниот говор на Груевски:

„Ме радува што проектот тргна, а ми беше и јавно ветување и следев до каде и како се одвиваат работите. Човек сум кој кога ќе даде ветување гледа да се оствари и неколкупати го прашував Тодоров за овој проект и денеска дојдовме на лице место“.

Зошто јавноста би требало да биде информирана што за себе зборува еден партиски лидер, кој во свое (а не во државно) име посетил градилиште? Комплетно е нејасно кавква врска имаат личните чувства на Груевски за овој проект, со информацијата дека болницата во Струмица се реновира или дека Заев фрлал боја на владините фасади. Единствено е јасно дека фокусот на текстот е кај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, а не кај вистинитото и објективно информирање.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести