verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Без „пашата“ како втора страна, нема професионална вест!

on 3 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #212 - 'LR-PDSH godet ‘pashain’ e Sarajit Bekim Muratin I Iliria News Agency' - ina-online_net_lr-pdsh-godet-pashain-e-sarajit

 

Напис: ДР-ДПА удира по „пашата“ на Сарај, Беким Мурати

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДР-ДПА -САРАЈ, СО ОБВИНУВАЊА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА, БЕКИМ МУРАТИ: БУКОВИЌ ЧЕТИРИ ДЕНА БЕЗ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ!!!

Не сакам да бидам погрешно разбран од никого, но морам да реагирам (како претседател на разгранокот на ДР-ДПА од Сарај) во врска со нефункционирањето на Општина Сарај и особено на градоначалникот Беким Мурати. Ние сите сме ја разбрале неговата улога во функционирањето на оваа Општина и оваа реакција му ја насочуваме нему, немајќи друг излез. Едноставно барам општинските власти на Сарај да ја вршат работата за која се гласани и земаат плати; да ги штитат граѓаните и нивните интереси! Кому да му се обратат за помош граѓаните на с. Буковиќ, кога веќе неколку денови во овие топли летни денови, останале без вода за пиење! ЕВН одлучиле да им го прекинат снабдувањето со електрична енергија, без која пумпите на можат да ја проследат водата. Констатираме дека струјата мора да се плаќа! Вистинското прашање е кој треба да ја плати струјата. Наједноставниот одговор би бил дека треба да ја плати тој што ја троши. Да и не! Општинските власти, според дефиницијата, се заштитници и градители на стандардот на своите граѓани. Во овој случај, општинските власти вршат криминал врз граѓаните на с. Буковиќ. Како прво, не реагираат за средување на проблемот; не ги интересира животот на граѓаните, не прават ништо за снабдување со вода за пиење во неколку села од оваа општина. Да не заборавиме дека во нашата општина се наоѓа најчистиот извор на вода за пиење во Европа! Да се потсетиме како реагираа жителите на Вевчани кога властите во Струга сакаа го узурпираат изворот на вода кој се наоѓа на нивна територија; прогласија независна Република! Ние нема да направиме ништо такво, но ќе бараме од Општината да реагира и да ги реши ваквите проблеми и континуирано да работи за народот, а не само неколку денови пред изборите. Едно од основните права за нормален живот на граѓаните е снабдувањето со вода за пиење, не ни го оспорувајте ова право со вашата неангажираност!

 

[Рецензија: ДР-ДПА удира по „пашата“ на Сарај, Беким Мурати]

Ова рецензија се однесува на еден текст кој, како прво, нема структура на вест. Авторот објавил една реакција, не прецизирајќи дали се работи за цитат или не, оставајќи го на овој начин читателот да се двоуми, кој, во овој случај, независно од тоа дека насловот го информира помалку или повеќе за содржината, не може да знае дали оваа содржина е новинарски напис или политичка реакција. Во целата содржина се поставуваат остри критики и обвиненија, оценувања и етикетирања, но текстот не носи ниеден конкретен доказ.

„ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДР-ДПА -САРАЈ, СО ОБВИНУВАЊА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА, БЕКИМ МУРАТИ: БУКОВИЌ ЧЕТИРИ ДЕНА БЕЗ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ!!!
Не сакам да бидам погрешно разбран од никого, но морам да реагирам (како претседател на разгранокот на ДР-ДПА од Сарај) во врска со нефункционирањето на Општина Сарај и особено на градоначалникот Беким Мурати. Ние сите сме ја разбрале неговата улога во функционирањето на оваа Општина и оваа реакција му ја насочуваме нему, немајќи друг излез. Едноставно барам општинските власти на Сарај да ја вршат работата за која се гласани и земаат плати; да ги штитат граѓаните и нивните интереси! Кому да му се обратат за помош граѓаните на с. Буковиќ, кога веќе неколку денови во овие топли летни денови, останале без вода за пиење!“

LR PDSH godet ‘pashain’ e Sarajit Bekim Muratin screenshotЛинк до оригиналниот напис: „ДР-ДПА удира по „пашата“ на Сарај, Беким Мурати”

Датум и време на објавување: 31.05.2016

Датум на рецензирање: 01.06.2016

Рецензент: Адриан Керими

Текстот зборува за нешто сериозно, независно од тоа дека е тешко да се одреди автентичноста на овој став. Во него се спомнати неколку страни, како градоначалникот на општина Сарај, Беким Мурати, жителите, компанијата ЕВН и др. За чудење е фактот како можел авторот да финализира еден ваков текст, не барајќи став од ниедна од споменатите страни во текстот. Во текстот се третира состојбата на жителите на општина Сарај, но во негова внатрешност нема ниту еден жител кој би ја засилил или докажал реакцијата на спомнатиот субјект. Уште повеќе, во содржината не е опфатена и самата „цел“ на овој напис, градоначалникот на Општината. Немајќи негово изјаснување, пристапот кон овој проблем во оваа содржина станува небалансиран. Да се потсетиме дека без втората страна, секогаш се става под знак прашалник професионалното новинарство. Авторот во овој случај не кажува ни дали се обидел да побара став од градоначалникот на оваа општина.

„ЕВН одлучиле да им го прекинат снабдувањето со електрична енергија, без која пумпите на можат да ја дистрибуираат водата. Констатираме дека струјата мора да се плаќа! Вистинското прашање е кој треба да ја плати струјата. Наједноставниот одговор би бил дека треба да ја плати тој што ја троши. Да и не! Општинските власти, според дефиницијата, се заштитници и градители на стандардот на своите граѓани. Во овој случај, општинските власти вршат криминал врз граѓаните на с. Буковиќ. Како прво, не реагираат за средување на проблемот; не ги интересира животот на граѓаните, не прават ништо за снабдување со вода за пиење во неколку села од оваа општина.“

Написот има политичка боја и пристрасност. Така како што е доставена реакцијата, така е и пласирана за јавноста, не структурирајќи го текстот и не давајќи му форма на вест. Освен ова, текстот не е ниту стилизиран.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

Не се исклучува можноста

Не се исклучува можноста

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести