Напад врз СЈО со сите средства
Објавено во Рецензии
on 3 - 06 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев[Рецензија: СЈО продолжува со нетранспарентното работење и ограничување на медиумите]
Кога на мета на медиумите наклонети кон владејачката партија ќе се најде некоја институција, тогаш не се избираат средства и начини таа постојано да се напаѓа. Тоа е случајот и со Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Како по наредба, кога има некој нов момент (како што е најавата за прес-конференција), веднаш се зазема борбена позиција и се напаѓа со сите „оружја“. Притоа воопшто не се води сметка дали текстот е професионален или не. Токму таков е и овој напис.
Линк до оригиналниот напис: СЈО продолжува со нетранспарентното работење и ограничување на медиумите
Датум и време на објавување: 02.06.2016,15:31
Датум и време на рецензирање: 03.06.2016
Рецензент: Владо Ѓорчев
САМО ДА СЕ ОЦРНИ СЈО
Уште со влезот во текстот, се прави спин за да се оцрни СЈО. Точно е дека ова обвинителство испрати соопштение во кое се вели дека:
„… имајќи ги предвид ограничените просторни услови, кои Ви се добро познати, Ве молиме бројот на претставници од еден медиум да биде ограничен на минимум (пр: по еден новинар, снимател, фотограф)“.
Вакви соопштенија постојано пристигнуваат од СЈО. Ова не е првпат за да боде очи или да предизвика ваква реакција.
„Ваквото ограничување јасно покажува дека СЈО не сака да одговори на сите прашања на медиумите во живо, туку инсистира медиумите истите да ги испратат писмено на нивната мејл адреса, крајно нетранспарентен начин кој никој не го практикувал“.
Всушност, за да се спинува вистината, различно се чита соопштението од ова обвинителство. Од СЈО велат да се ограничи бројот на претставници од еден медиум, а не да се ограничи медиумот. Или, преведено, за да биде појасно, од СЈО замолуваат една редакција да не праќа по двајца-тројца новинари, туку по еден, како што било секогаш. Никаде не стои дека СЈО инсистира медиумите да не праќаат новинари?!
Тезата, пак, дека СЈО може да изнајми простор за прес-конференција, исто така, е изнасилена во прилог да се оцрни ова обвинителство. А кога веќе има простор (во моментов СЈО се наоѓа во привремени простории), зошто да изнајмува и да плаќа?
Истовремено, самиот напис е контрадикторен. Од една страна вели дека огромни пари се одвојуваат за СЈО, за плати и за други давачки, а од друга страна, бара да се трошат пари на непотребни работи? Можеби написот најпрво требало да се „договори сам со себе“, па подоцна да се објави.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови