Непотврдена вест – непрофесионална практика
Објавено во Рецензии
on 2 - 06 - 2016 Автор: Fatlume Dervishi
Напис – Ексклузивно: Прекопуца добива 5 илјади евра награда, наградени и сите други членови на ДИК, дали има злоупотреби?!
Скопје, 28 мај – Друг скандал ја тресе Македонија. Агенцијата за вести „Журнал“ дознава дека деветте членови на ДИК добиле награда од 5.000 евра секој поради нивната работа во врска со организирањето на изборите кои не успеаја да се одржат на 5 јуни.
Заменик-претседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, добил 5.000 евра награда врз основа на една одлука што ја усвоила ДИК веднаш откако Собранието донесе одлука изборите во Македонија да не се одржат на 5 јуни.
Со оваа одлука не се обогати само Прекопуца со 5.000 евра, агенцијата за вести „Журнал“ дознава дека и другите осум членови на ДИК добиле награда од 5.000 евра поради нивната работа во врска со организирањето на изборите на 5 јуни.
Инаку, сите други вработени во администрацијата на ДИК, што е позната како професионална служба, добиле награда по една просечна плата, од околу 20.000 денари.
„Журнал“ ќе бара објаснување за овој скандал за тоа како е можно членовите на ДИК да се наградат со 5.000 евра од државниот буџет, ќе бара објаснување од Антикорупциската комисија дали државните пари се злоупотребуваат во време кога Македонија е во криза.
[Рецензија: Ексклузивно: Прекопуца добива 5 илјади евра награда, наградени и сите други членови на ДИК, дали има злоупотреби?!]
Ништо не ѝ штети повеќе на довербата на читателот кон медиумот, од ширењето непотврдени информации. Тие лесно се забележуваат, токму поради фактот што им недостигаат извори и изјаснувања на страните што би го поддржале тоа за што зборува авторот.
Линк до оригиналниот напис: Ексклузивно: Прекопуца добива 5 илјади евра награда, наградени и сите други членови на ДИК, дали има злоупотреби?!
Датум и време на објавување: 28.05.2016, 10:46
Датум на рецензирање: 31.05.2016
Рецензент: Фатлуме Дервиши
Текстот почнува со „Друг скандал ја потресува Македонија“, како „вештачки“ метод за да се привлече вниманието на читателот. Предмет на веста се членовите на Државната изборна комисија, за кои се тврди дека зеле „награда“ по 5.000 евра од буџетот за организирање на изборите. Но, на јавноста не ѝ се дава објаснување зошто главната цел бил заменик-претседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, или зошто и во насловот и во текстот, акцентот е ставен кај него, не спомнувајќи со име ниеден од другите осум членови на Комисијата.
„Друг скандал ја тресе Македонија. Агенцијата за вести „Журнал“ дознава дека деветте членови на ДИК добиле награда од 5.000 евра секој поради нивната работа во врска со организирањето на изборите кои не успеаја да се одржат на 5 јуни.
Заменик-претседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, добил 5.000 евра награда врз основа на една одлука што ја усвоила ДИК веднаш откако Собранието донесе одлука изборите во Македонија да не се одржат на 5 јуни.
Откако ги објавил непотврдените информации, авторот го известува читателот дека ќе се труди да ги потврди истите. Како за почеток, авторот требало да го анализира предвидениот буџет за организирање на изборите на 5 јуни, што е јавен податок, и да анализира дали споменатите суми се или не се предвидени во тој буџет или за што се предвидени. По ова, требало да се искористат спомнатите извори од самиот автор, официјалниот став на ДИК, на Антикорупциската комисија, дури и на самиот заменик-претседател Прекопуца, како човек ставен на „нишан“ во текстот.
„Инаку, сите други вработени во администрацијата на ДИК, што е позната како професионална служба, добиле како награда по една просечна плата од околу 20.000 денари.
Би се сметало за скандал само доколку се утврдеше дека уплатите не биле предвидени со буџетот на ДИК за организирање на изборите и потоа се утврдеше дека истите се навистина реализирани.
Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија порачува:
Потребата за брзина никогаш не смее да ја ризикува точноста, кредибилитетот и професионалноста на трудот.
Новинарот може да објави нешто за кое нема и толку докази, но за кое има доволно индикации дека е вистина, односно нешто за кое постои основан сомнеж. Основаниот сомнеж подразбира презентација на аргументи кои се разумни и се индикација дека нешто е вистина, без да се има конкретни докази за вистинитоста.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
ниеден извор
ниедна страна
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови