Рецензии

Да се побарало изјава, не би се напишале невистини!

на 7. 06. 2016 | | sq
   

[Рецензија: Утре СЈО ќе одржи прес за случајот со Мартин Нешковски?]

Информацијата во новинарски текст секогаш мора да биде точна и проверена. Тоа е алфа и омега во новинарството. Основно правило е веста да се провери од два извора, а во случајов тоа не е сторено ниту со еден. А толку лесно можело целиот текст да биде поинаков – тоа би се случило со само еден повик до Специјалното јавно обвинителство (СЈО).   Линк до оригиналниот напис: Утре СЈО ќе одржи прес за случајот со Мартин Нешковски? Датум и време на објавување: 05.06.2016 Датум на рецензирање: 07.06.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев Зачудува леснотијата со која е направена оваа информација, имајќи  предвид дека портпаролката на посочената институција, Ленче Ристовска, постојано

Тенденциозно и еднострано погрешно толкување

на 7. 06. 2016 | | sq

 

Напис – Скандал: Во ТУ испитите се полагаат преку телефон, потврдува проректорот

Уште еден скандал ја тресе Македонија. Овојпат универзитетскиот професор, Арбер Челику потврдува дека на Тетовскиот универзитет се ургира по телефон за да добијат студентите преодна оценка, пишува „Журнал“. Професорот Челику во една објава на „Фејсбук“ пишува дека примил повик од еден стар пријател, кој според него го немало цели 10 години, додека сега, ургирањето за еден испит кај него било причина за да се поврати старото пријателство. Инаку, проректорот д-р Арбер Челику е една од најеминентните фигури од овој Универзитет.

Во продолжение можете да го прочитате постираниот текст:

Денес сум многу среќен по телефонскиот повик од еден мој пријател, кој го немаше цели 10 години, бидејќи го

Нема да верувате: Се превртел во гробот неколкупати!

на 7. 06. 2016 | | sq
[Рецензија: Дедо му ќе се превртува во гробот да знае дека внук му бара бугарски корени] Животот и секојдневието на граѓаните се исполнети со теми кои заслужуваат новинарска опсервација. Еден од критериумите за нешто да биде вредно за новинарска сторија  е влијанието. Односно, влијанието и последиците од некој општествен феномен. Доколку тој феномен е поврзан со широка опфатеност меѓу граѓаните, имате легитимна и атрактивна тема за пишување. Но, ако на една таква приказна, која исполнува толку атрактивни критериуми како масовната побарувачка на бугарски пасоши, ѝ пријдете површно и еднострано, како прво ја упропастувате шансата што ви е дадена да напишете добра, влијателна новинарска приказна која засегнува голем дел од публиката, и, второ, се ставате во редот на непрофесионалците. Такви симптоми

„Отворена сезона“ за лов на правници

на 7. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: Опозициските „експерти“ Тортевски и Шкариќ на платниот список на СЈО]

Тенеднциозно валкање на стручноста и на експертизата на двајца правници. Зошто? Затоа што некому не му се допаѓале нивните ставови за работата на Специјалното јавно обвинителство, како и нивните позиции за актуелната криза со прислушувањето и со аболицијата во нејзниот центар. Материјалот многу наликува на „нарачка за медиумски отстрел“.  Линк до оригиналниот напис: Опозициските „експерти“ Тортевски и Шкариќ на платниот список на СЈО Датум и време на објавување: 03.06.2016 12:21  Датум на рецензирање: 06.06.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

ХРАБРОСТ ИЛИ ЛУДОСТ

Треба многу храброст, лудост или елементарно непознавање на правото и на состојбата поврзана со него во земјава, за под знак прашалник да ја доведувате стручноста на еден Светомир

Фалбаџиски текст за „неуморниот“ Груевски

на 6. 06. 2016 | | sq
 

[Рецензија: По интензивната агенда на терен, Груевски со пријателите на партија баскет (фотогалерија)]

  Ова е еден фалбаџиски и популистички текст, кој од една обична информација, направил одлична реклама за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Линкуван наслов на анализираниот напис: По интензивната агенда на терен, Груевски со пријателите на партија баскет (фотогалерија) Датум и време на објавување: 05.06.2016 Датум на рецензирање: 06.06.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

РЕКЛАМА ЗА ГРУЕВСКИ

„По интензивната дневна агенда во која оствари средби со граѓани и изврши увид во реализацијата на повеќе проекти во кочанскиот регион, селата Оризари и Подлог, Груевски најде време и за дружба со пријателите. Овој пат тоа беше кошарка, при што покажа дека освен фудбалот добро се снаоѓа и во баскетот“.

Сѐ што е од СДСМ не чини

на 6. 06. 2016 | |

[Рецензија: Собранието ги прифати оставките на министрите со нула дела и многу скандали]

Текстов поставен во рубриката „Вести“ на порталот би требало да ја пренесе главната вест – дека Собранието ги прифатило оставките на министрите од опозицијата и соодветно да информира. Наместо тоа, под маската на вест е протнат еден голем коментар во насока на дискредитација на опозицијата. Тоа се коси со препорачаното во прирачникот Етиката во новинарството на Здружението на новинари во членот 13, каде јасно пишува дека „новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.“   Линк до оригиналниот наслов: Собранието ги прифати оставките на министрите со нула дела и многу скандали Датум и време на објавување: 18.05.2016 Датум на рецензирање: 06.06.2016 Рецензент:

Луксузен „Инстаграм“ и малициозни манипулации

на 6. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: „Журнал“: Луксузот на Заеви – базен во нивната дневна соба, прескапи автомобили (ФОТО)]

Непроверени манипулирачки информации се главната одлика на овој текст. Со неколку принтскринови од инстаграм-профил се прави извртување на фактите во обид да се направи дискредитација на одредена личност. Текстот е преземен од друг медиум, но не е соодветно линкуван. Дека написот не е оригинално дело, туку копија од друг медиум, пишува во насловот и во поднасловот.   Линк до оригиналниот напис: „Журнал“: Луксузот на Заеви – базен во нивната дневна соба, прескапи автомобили (ФОТО) Датум и време на објавување: 04.06.2016, 12:12 Датум на рецензирање: 06.06.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ДАЛИ НАВИСТИНА СЕМЕЈСТВОТО НА ЗАЕВ ЖИВЕЕ КАКО БЛАГОРОДНИШТВО?

Во текстот се изедначува поширокото семејство на лидерот на

Шминка за имиџот на Иванов

на 6. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: Еве зошто Иванов им пречи на СДСМ и СОРОС: Нема пазарење со националниот идентитет!]

  Медиумски спин-проект за „оправање“ на имиџот на шефот на државата за внатрешна употреба, со истовремено стигматизизрање на опозицијата и „фамозната СОРОС“ како лошите во „играта за името“ меѓу Македонија и Грција. Обидот е кредибилитетот на Ѓорѓе Иванов, силно еродиран, по одлуката за групна аболиција, да се зајакне преку патриотски сентимент, а притоа да им се наштети на политичките противници. Евтин трик за дефокусирање од актуелните маки, проблеми и грижи кои Македонија ги има во моментот -пред сè дома. Линк до оригиналниот напис: Еве зошто Иванов им пречи на СДСМ и СОРОС: Нема пазарење со националниот идентитет!  
Датум и време на објавување: 30.05.2016  18:24  

Трите кода – ликот на претседателката на СЈО, лидерот на СДСМ и логото на партијата

на 6. 06. 2016 | | sq
[Рецензија: СЈО потврди дека Заев лажел колку незаконски прислушувани разговори има предадено] Првото укажување на недоследностите на оваа медиумска содржина се однесува на амбиентот во кој е создадена. Ако направите преглед на објавените текстови поврзани со прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство одржана на 3 јуни, веднаш ќе видите дека ниту една содржина не е информација, вест, извештај, за темата на таа прес-конференција. Ниту една. Наместо извештај од таа прес-конференција, објавени се десетина медиумски содржини кои на различни начини го проблематизираат и го поврзуваат работењето на оваа институција со теми кои, очигледно, имаат цел да го нарушат нејзиниот углед и целта што му е дадена. Линк до оригиналниот напис: СЈО потврди дека Заев лажел колку незаконски прислушувани разговори има предадено Датум

Личниот живот треба да се почитува, злоупотребите да се докажуваат

на 6. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Функционерот од Арачиново и должи на државата 10 илјади евра, а вози BMW X5?

Заменик-претседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца од скопско Арачиново, излегува дека е најсиромашниот функционер во Македонија. Вака сведочи официјалниот анкетен лист на Државната комисија за спречување на корупцијата во Македонија. Според овој лист, заменик-претседателот на ДИК, Прекопуца, поседува една штедна книшка од 300 евра во Комерцијална банка, а зел кредит во 2015 година во износ од 10 илјади евра за да го отплати во следните осум години. Во меѓувреме, во агенцијата за вести „Журнал“, пристигна е-маил од еден граѓанин на Скопје кој ни дава до знаење дека заменик-претседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, поседува еден огромен џип од марката „бе-ем-ве“ кој чини десетици илјади евра. Но,