verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Луксузен „Инстаграм“ и малициозни манипулации

on 6 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Zaevi INstagram

[Рецензија: „Журнал“: Луксузот на Заеви – базен во нивната дневна соба, прескапи автомобили (ФОТО)]

Непроверени манипулирачки информации се главната одлика на овој текст. Со неколку принтскринови од инстаграм-профил се прави извртување на фактите во обид да се направи дискредитација на одредена личност.

Текстот е преземен од друг медиум, но не е соодветно линкуван. Дека написот не е оригинално дело, туку копија од друг медиум, пишува во насловот и во поднасловот.

 

„Журнал“ Луксузот на Заеви базен во нивната дневна соба прескапи автомобили ФОТО NetPress NetPressЛинк до оригиналниот напис:Журнал“: Луксузот на Заеви – базен во нивната дневна соба, прескапи автомобили (ФОТО)

Датум и време на објавување: 04.06.2016, 12:12

Датум на рецензирање: 06.06.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

ДАЛИ НАВИСТИНА СЕМЕЈСТВОТО НА ЗАЕВ ЖИВЕЕ КАКО БЛАГОРОДНИШТВО?

Во текстот се изедначува поширокото семејство на лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, со блискоисточните мултимилионерски моќници. Како поткрепа на тоа, на јавноста ѝ се даваат неколку принтскринови од инстаграм-профил, за кој нема докази, туку само тврдење дека е на член на семејството Заеви.

„Братот на Зоран Заев, Вице Заев живее во зграда спорти струмичкиот парк, при што има вградено базен во својата дневна соба, на првиот кат од зградата. Прескап мебел очигледно увезен од Европа, како и фалење со скапи автомобили од марката Порше, и БМВ е секојдневиeто на Заеви, во исто време кога народот го убедуваат дека живее под режим, нема слобода, и секојдневно хулиганите стимулирани и водени оd Зоран Заев уништуваат се’ што е изградено во државата.“

Во текстот се тврди дека луксузниот имот на Заеви е добиен преку непотизам и поткупи, а како потврда за тоа, на читателската публика ѝ се нуди видеозапис за кој се тврди дека покажува како Зоран Заев барал поткуп од 200.000 евра.

Но, новинарството не смее да суди. За тоа постои судски систем. А за овој случај, се води спор пред Кривичниот суд и за него сѐ уште нема донесено судска пресуда. Овој новинарски текст, пак, го „претркал“ судот и веќе го осудил Заев како виновен, па како точни ги претставува недокажаните и непроверените информации дека имотот на семејството Заеви е добиен на нелегален начин.

 

ТЕКСТОТ КАКО ЛОША ПРЕСУДА – НЕМА „ОДБРАНА“ ОД „ОБВИНЕТИОТ“

Написот е целосно едностран бидејќи не е побарана изјава од ниту еден член на семејството Заеви. Не е побаран став ни од сопственичката на инстаграм-профилот, за која без доказ се тврди дека е член на семејството Заеви. Во текстот не пишува дали на оваа девојка ѝ била побарана дозвола за користење и за објавување во јавност на нејзините приватни фотографии.

На понудените инстаграм-слики нема никаква потврда дека тие навистина се сликани во домот на Заеви ниту, пак, дека тие навистина имаат базен во дневната соба или дека мебелот навистина е прескап и увезен од Европа. И доколку некој се слика во автомобили од марката „порше“ и „бе-ем-ве“, не значи дека навистина ги поседува.

Без проверка на изнесените информации од уште барем еден извор и без да се побара мислење од засегнатата страна, за која се изнесени голем број обвинувања, овој напис не може да се вброи во квалитетна новинарска содржина која ги исполнува новинарските стандарди.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести