verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шминка за имиџот на Иванов

on 6 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

kurir

[Рецензија: Еве зошто Иванов им пречи на СДСМ и СОРОС: Нема пазарење со националниот идентитет!]

 

Медиумски спин-проект за „оправање“ на имиџот на шефот на државата за внатрешна употреба, со истовремено стигматизизрање на опозицијата и „фамозната СОРОС“ како лошите во „играта за името“ меѓу Македонија и Грција. Обидот е кредибилитетот на Ѓорѓе Иванов, силно еродиран, по одлуката за групна аболиција, да се зајакне преку патриотски сентимент, а притоа да им се наштети на политичките противници. Евтин трик за дефокусирање од актуелните маки, проблеми и грижи кои Македонија ги има во моментот -пред сè дома.

1111Линк до оригиналниот напис: Еве зошто Иванов им пречи на СДСМ и СОРОС: Нема пазарење со националниот идентитет!

 
Датум и време на објавување:
30.05.2016  18:24

 

Датум на рецензирање: 31.05.2016

 

Рецензент: Владимир Мирчески

 

 СИТГМАТИЗИРЕАЊЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА И НА НЕВЛАДИНИТЕ

Како што веќе кажавме – ем дефокусирање на вниманието од клучни теми, ем истовремено атакување врз политичките противници и врз неподобните невладини организации. Тоа се главните карактеристики на овој материјал, кој според начинот на кој е пишуван, наликува повеќе на партиско-политички шнит, отколку на веродостоен текст со информација во неговата основа. Во ред, шефот на државата, на еден меѓународен форум, имал еден од неговите „познати“ настапи во кои ја обвинува Грција за блокираните европски и евроатлантски интеграции. Искрено, кој барем малку следи политика, знае дека таквиот вокабулар на Иванов не е ништо ново, ниту спектакуларно. Едноставно, човекот како да е заглавен во тој „семантички опсег“ и тоа е тоа. Значи, Иванов ниту кажал некоја спектакуларна информација ниту, пак, настапот е нешто како breaking news. Се согласувам дека треба да се одбележи и со тоа да заврши кусиот текст.

Но, проблемот е што на настапот на шефот на државата му се дава и пропатриотска нишка и предавничка нота за опозицијата.

„Македонскиот претседател со ова пред цела Европа испрати порака дека Македонија нема да дозволи пазарење со националниот идентитет.

Неговиот говор беше проследен со аплаузи од присутните, а медиумите на СДСМ и СОРОС истиот го критикуваа.

Ваквата порака разбуди силни емоции и поддршка кај македонските граѓани, а како остра нота беше примена од европските челници. Ваквата борбеност и одлучност во одбрана на Македонија им пречи само на СДСМ и платениците на СОРОС за кои македонските национални интереси воопшто не се важни.“

 

СПИН, НЕВИСТИНА И ПОЛИТИЧКА СЕРВИЛНОСТ

Навистина, од содржинска, суштинска гледна точка, а исто така и од професионален аспект, немало каква било потреба од ваквите формулации, обвинувања и коментари. Сè можело да помине со куса информација и со цитат од претседателот, но, не! Наместо тоа се искроило едно спин-четиво кое, да потсетиме, треба да ја подобри накршената политичка суета на Иванов, но и да го бетонира „предавничкиот имиџ на СДСМ и СОРОС-инсталациите“.

Таквиот пристап јасно кажува дека материјалот е обоен и, за жал, не ја крие својата пристрасност и непрофесионалност. Дополнително, невистина е дека дел од медиумите го напаѓале Иванов за овој сегмент од настапот. Критиките на сметка на шефот на државата беа за неговите гафови кажани на собирот, како, на пример:

„Сега и Исус Христос да се јави ќе го убијат. Истото важи и за Мухамед. И Мухамед да се јави ќе го убијат“, одговори значајно Иванов, кој учителот на Александар Македонски го нарече Александар наместо Аристотел. (Стандард, 29.05.2016)

Значи, имаме: спин, невистина, селективност и политичка сервилност.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести