verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сѐ што е од СДСМ не чини

on 6 - 06 - 2016       

Kurir - tehynickite ministri

[Рецензија: Собранието ги прифати оставките на министрите со нула дела и многу скандали]

Текстов поставен во рубриката „Вести“ на порталот би требало да ја пренесе главната вест – дека Собранието ги прифатило оставките на министрите од опозицијата и соодветно да информира. Наместо тоа, под маската на вест е протнат еден голем коментар во насока на дискредитација на опозицијата. Тоа се коси со препорачаното во прирачникот Етиката во новинарството на Здружението на новинари во членот 13, каде јасно пишува дека „новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.“

 

Kurir - Ostavkite na ministriteЛинк до оригиналниот наслов: Собранието ги прифати оставките на министрите со нула дела и многу скандали

Датум и време на објавување: 18.05.2016

Датум на рецензирање: 06.06.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

МИСЛЕЊЕТО КАКО ФАКТ

Материјалот што е предмет на рецензијава не нуди докази за работењето на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, како што во текстот се наметнува. Недостигаат и докази, односно факти, кои ќе потврдат дека навистина станува збор за унапредување на „неквалификувани“ лица и кои процедури конкретно не биле испочитувани при промената на кадрите. Наспроти тоа, во текстот имаме куп мислења кои се замаскирани како факти, иако не се нуди никаква аргументација за тоа. Новинарот има право на свое мислење, став и вредносен суд, но не смее сопственото мислење да го камуфлира како факти, се вели во членот 13 на прирачникот Етиката во новинарството.

„Додека Оливер Спасовски раководеше со министерството за внатрешни работи се случија низа скандали, се кршеа закони, работеше своеволно и во корист на партијата, а не на државата… Без да ги почитува законот, а ниту правилникот на МВР, Спасовски си вработуваше неквалификувани лица, а унапредуваше лица и за неколку скалила без да се почитуваат процедурите“.

Исто така, текстот не посочува кои проекти биле кочени од страна на министерката Фросина Ташевска-Ременски. Да појасниме дека, според назначеното во Договорот од Пржино за надлежностите на техничките министри и заменици – министри, тие имаат право да стават вето на проекти кои се реализираат заради остварување партиски цели, односно реализирање на изборна програма. Исто така, министерката Ташевска-Ременски повеќепати упати апел до Министерството за финансии да не ја кочи исплатата на средства за социјално ранливи категории на граѓани, што не нашло соодветно место во текстот. Не се нудат докази ниту кога Ташевска-Ременски нападнала или навредила новинар.

„Додека таа раководеше со Министерството за труд и социјална политика, своеволно кочеше крупни проекти за да одработи партиска агенда. Не спроведе ниту еден проект, само ги кочеше истите. Ќе ја запомниме како јавен напаѓач и навредувач на новинари, дрзок однос и незаинтересираност за своите обврски.“

НИТУ ЕДНО КАДРОВСКО РЕШЕНИЕ НЕ Е ДОБРО?

Во материјалот што е предмет на рецензија се оцрнува и дискредитира сѐ што е од СДСМ и се гледа интенција да се претстави дека ниту еден кадар што произлегува од тие редови не е добар. Од непоткрепени критики не се поштедени ниту дополнителните заменици-министри, за кои не се дава одговор на прашањето зошто биле „мета на потсмев“ и кои „релевантни“ институции ги побивале. Не се даваат ниту основните информации за нив, односно во кои министерства ја вршеле нивната функција, така што читателот не може да оформи слика, дури и ако се води само според „фактите“, во кое министерство тие „не сработиле ништо“ – добие претстава ниту за кое министерство наводно не сработеле ништо.

 

„Денес беа прифатени оставките и на дополнителните заменици министри на СДСМ- Љупчо Николовски, Александар Кирацовски и Кире Наумов. Додека ја вршеа функцијата беа само мета на потсмев поради својата некомпетентност. Нивните изјави беа експресно побивани од најрелевантните институции.“

Со пристрасноста, а без конкретно аргументирање, овој текст-коментар останува во сферата на шпекулациите и манипулирање со вистината за извршувањето на функцијата на техничките министри и заменици-министри.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести