Фалбаџиски текст за „неуморниот“ Груевски
Објавено во Рецензии
on 6 - 06 - 2016 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: По интензивната агенда на терен, Груевски со пријателите на партија баскет (фотогалерија)]
Ова е еден фалбаџиски и популистички текст, кој од една обична информација, направил одлична реклама за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Линкуван наслов на анализираниот напис: По интензивната агенда на терен, Груевски со пријателите на партија баскет (фотогалерија)
Датум и време на објавување: 05.06.2016
Датум на рецензирање: 06.06.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
РЕКЛАМА ЗА ГРУЕВСКИ
„По интензивната дневна агенда во која оствари средби со граѓани и изврши увид во реализацијата на повеќе проекти во кочанскиот регион, селата Оризари и Подлог, Груевски најде време и за дружба со пријателите. Овој пат тоа беше кошарка, при што покажа дека освен фудбалот добро се снаоѓа и во баскетот“.
Од обична информација, дека Груевски изиграл партија баскет со пријателите, направена е фалбаџиска објава, за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да се претстави како многу вреден и неуморен. Од друга страна, се истакнува и неговата вештина во спортот, не само за фудбал, туку и за кошарка.
Иако на фотографиите можат да се забележат и некои министри, сепак, акцентот целно е ставен на Груевски.
Написот нема проблем со вистинитоста, но проблемот е што тој е правен наменски, во популистички манир и изгледа како текст за политички маркетинг, скроен по мерка на владејачката партија.
Со ваквиот начин на обработка и на пласирање на оваа нагласено пристрасна објава е прекршен членот 14 од Кодексот на новинари во кој, меѓу другото, е наведено дека:
Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
несоодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови