verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Да се побарало изјава, не би се напишале невистини!

on 7 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

Reporter za SJO

 

[Рецензија: Утре СЈО ќе одржи прес за случајот со Мартин Нешковски?]

Информацијата во новинарски текст секогаш мора да биде точна и проверена. Тоа е алфа и омега во новинарството. Основно правило е веста да се провери од два извора, а во случајов тоа не е сторено ниту со еден. А толку лесно можело целиот текст да биде поинаков – тоа би се случило со само еден повик до Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

 

sjo presЛинк до оригиналниот напис: Утре СЈО ќе одржи прес за случајот со Мартин Нешковски?

Датум и време на објавување: 05.06.2016

Датум на рецензирање: 07.06.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

Зачудува леснотијата со која е направена оваа информација, имајќи  предвид дека портпаролката на посочената институција, Ленче Ристовска, постојано е достапна на телефон и е расположена да дава информации кои не навлегуваат во доменот на истрагата.

Како извори на информацијата од насловот во текстот се наведуваат два портала, чии текстови, пак, не се линкувани.

Веднаш мора да се каже дека оваа информација е невистинита – прес-конференција на 6 јуни 2016 година, СЈО не одржа. Тоа што има прашалник во насловот, не е амнестија за мрзеливост при работењето. Авторот на веста морал да побара потврда од СЈО. Со непостапувањето од таков вид, направени се прекршувања на неколку члена или делови од членови од Кодексот на новинари:


  1. Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

2. Ако новинарот е спречен да дојде до бараната информација, има право за тоа да ја информира јавноста.

3. Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, деманти и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата. (До објавувањето на оваа рецензија, текстот сѐ уште стоеше на порталот и не беше направена никаква исправка).

4. Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.

Бидејќи не е направен обид за проверка на претпоставката од насловот со јавување во СЈО (доколку било тоа сторено, ќе беше наведено во текстот) ниту, пак, е наведено дека имало пречки да се добие потврда, а не е назначено ниту дека информацијата е потврдена од извор што инсистирал да остане анонимен, овој текст крши неколку новинарски норми. Згора на сè, не е направен ниту обид да се направи исправка на информацијата, за која сега знаеме дека била неточна.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести