verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Отворена сезона“ за лов на правници

on 7 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

eksperti

[Рецензија: Опозициските „експерти“ Тортевски и Шкариќ на платниот список на СЈО]

Тенеднциозно валкање на стручноста и на експертизата на двајца правници. Зошто? Затоа што некому не му се допаѓале нивните ставови за работата на Специјалното јавно обвинителство, како и нивните позиции за актуелната криза со прислушувањето и со аболицијата во нејзниот центар. Материјалот многу наликува на „нарачка за медиумски отстрел“.

 2222Линк до оригиналниот напис: Опозициските „експерти“ Тортевски и Шкариќ на платниот список на СЈО

Датум и време на објавување: 03.06.2016 12:21

 Датум на рецензирање: 06.06.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

ХРАБРОСТ ИЛИ ЛУДОСТ

Треба многу храброст, лудост или елементарно непознавање на правото и на состојбата поврзана со него во земјава, за под знак прашалник да ја доведувате стручноста на еден Светомир Шкариќ и Александар Тортевски. Само неколку факти за Шкариќ: повеќе од 30 години професор на Правниот факултет, еден од најголемите авторитети по уставно право, член на неколку комисии за уставни прашања. Тортевски, пак, освен што зад себе има децениска работа како адвокат, познат е и како еден од позначјаните активисти во формирањето на плуралистичката политичка сцена во Македонија и еден од првите луѓе на некогашната Лига за демократија, човек кој од 1991 година е дел од општествените настани во земјава. Значи, двајцата имаат, сакал некој тоа да го признае или не, „илајдници километри“ истрчани во правото, луѓе кои ја познаваат материјата. Оттука, изненадува од каде  „наводници“ во насловната конструкција и со што се спори нивната експертиза:

„Опозициските „експерти“ Тортевски и Шкариќ на платниот список на СЈО“.

Епицентарот на проблемот е што нивните позиции не конвергираат со оние на одредени политички кругови во власта и, најверојатно, затоа е изнедрен овој текст и уште дузина други, кој треба ем ним да им наштети во делот на нивната експертиза, ем Специјалното обвинителство да се претстави како продолжена рака на опозицијата, ем да се дискредитира работата на СЈО.

„Двајцата наводни експерти кои во јавноста преку медиумите ги бранеа ставовите на опозицијата и СЈО, Светомир Шкариќ и адвокатот Александар Тортевски, се платени токму од Катица Јанева“.

Да разјасниме, Шкариќ и Тортевски се, независно кој што мисли за нив, според сработеното и покажаното, експерти, а не наводни експерти

 

ОДМАЗНИЧКО ЧЕТИВО

Понатаму, упорно се пласира тезата дека опозицијата и СЈО безмалку се исто. Тврдењето е неаргументирано и наликува на партиски мотивирано, зашто оваа институција отвори постапки за низа функционери од владејачката партија која речиси 10 години „тресе“ во Македонија и чии членови раководат со државните институции што остава отворена можност за појава на корупција и на криминал. Значи, текст вратка и на СЈО за досегашната работа и на двајцата правници зашто се на другата страна од линијата. Навистина, вулгаризирање е да кажеш дека Јанева ги плаќа Шкариќ и Тортевски за нивниот ангажман, зашто Јанева располага со буџет како и која било друга државна институција, кој доаѓа од џебот на граѓаните.

Исто така, боде очи непрецизноста на текстот. Ако обвинителката Ристоска не е во целост сигурна дали двајцата споменати се ангажирани од СЈО, тогаш зошто таа нејасност се пренесува и во написот – од една страна се тврди дека се на платниот список, од друга се нема целосна конфирмација од надлежниот орган, а помеѓу нема никакво истражување и дополнителна проверка на фактите за да се каже се или не се ангажирани во СЈО.

Сè на сè, ова е одмазничко четиво, кое строго таргетира „неподобни“ личности и институции, со намера да напакости, кое содржи многу политички, а малку информативни обележја.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести