verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нема да верувате: Се превртел во гробот неколкупати!

on 7 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

dnevnik

[Рецензија: Дедо му ќе се превртува во гробот да знае дека внук му бара бугарски корени]

Животот и секојдневието на граѓаните се исполнети со теми кои заслужуваат новинарска опсервација. Еден од критериумите за нешто да биде вредно за новинарска сторија  е влијанието. Односно, влијанието и последиците од некој општествен феномен.

Доколку тој феномен е поврзан со широка опфатеност меѓу граѓаните, имате легитимна и атрактивна тема за пишување.

Но, ако на една таква приказна, која исполнува толку атрактивни критериуми како масовната побарувачка на бугарски пасоши, ѝ пријдете површно и еднострано, како прво ја упропастувате шансата што ви е дадена да напишете добра, влијателна новинарска приказна која засегнува голем дел од публиката, и, второ, се ставате во редот на непрофесионалците.

Такви симптоми има и оваа медиумска содржина.

06072016-Dnevnik-BG-PasoshiЛинк до оригиналниот напис: Дедо му ќе се превртува во гробот да знае дека внук му бара бугарски корени

Датум и време на објавување: 05.06.2016, 23:51

Датум на рецензирање: 07.06.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

САМО ПАТРИОТСКАТА СТРАНА НА ПРИКАЗНАТА

Тоа што ја прави таква е – аголот на приказната. Избран е поглед со кој  оние што побарале пасош, односно државјанство на некоја друга држава, задолжително треба да бидат прикажани како луѓе што прават голем грев кога се откажуваат од националното чувство.

„Да знаат нивните баби и дедовци што прават нивните внуци би се превртувале во гробот.“

Оваа изјава на еден од изворите во текстот е употребена за да се засили поентата на гревот.

Вака поставена плитка рамка, на оваа тема отвора многу прашања за мотивацијата, но најмногу за подготвеноста еден проблем да се испита сеопфатно, да се селектира битното од небитното, да се пронајдат вистинските места и извори каде што се наоѓаат одговорите на сите тие контроверзни теми.

Пропуштено е да се објави барем елементарна статистика, да се прикажат трендовите: се зголемува ли бројот на барателите на бугарско државјанство. Макар и на локално ниво во градот од каде што доаѓа оваа новинарска приказна.

Кои се причините: социјални, економски, политички…? Можеме да продолжиме со прашањата, но нив требало да ги постави оваа медиумска содржина.

За волја на вистината, треба да се забележи дека текстот ја допира и темата на корупцијата и подмитување во обидите граѓаните да стигнат до бугарски пасоши, но тоа само ја потврдува нашата намера да укажеме дека овој феномен е комплексен, со многу аспекти и затоа е проблематично да издвоите, да селектирате само една страна од приказната. И тоа, онаа – патриотската.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

Шпекулира

креативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести