Рецензии

Сензационализам без причина и без чувствителност

на 1. 06. 2016 | | sq
[Рецензија: ФОТО: Страшна сообраќајка – пратеникот Павле Трајанов во директен судир пред Гевгелија] Ако во оваа рецензија почнеме од насловот на оваа медиумска содржина: „Страшна сообраќајка – пратеникот Павле Трајанов во директен судир пред Гевгелија“, и ако потоа стигнеме, живи и здрави, до епилогот и на настанот и на текстот: „Тој не е повреден, а четворица сопатници на двете возила имале повреди, биле префрлени во клиниките, а потоа сите пуштени на домашно лекување“, на ова кратко патување ќе се соочиме со бескрајната провалија меѓу професионализмот и сензационализмот без причина. Навистина, воопшто не е за потценување сообраќајката и, за среќа, учесниците во неа поминале многу подобро отколку што можело да биде, ама вака да се надува наслов е – жива измама!

„Бајат кромид“ пласиран како актуелна вест

на 1. 06. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Неверојатно: Рудар пронајден жив откако 17 години бил закопан под земја]

  Ем „кродмид-вест“, ем бајата „кромид-информација“. И на таква каква што е, се налепуваат домашна информативна веб-страница и уште цела низа други, па се пренесува како веродостојна новина. Човек не знае дали да плаче или да се смее на ваквите производи што им се пласираат на нашите читатели.  Линк до оригиналниот напис: Неверојатно: Рудар пронајден жив откако 17 години бил закопан под земја Датум и време на објавување: 30.05.2016 13:14 Датум на рецензирање: 31.05.2016  Рецензент: Владимир Мирчески    

ДВАПАТИ МЕРИ, ЕДНАШ СЕЧИ

 Уште во 2014 година, веб-страницата World news daily report објави неверојатна приказна за тоа како еден кинески рудар случајно е пронајден во рудник каде

Вест за излет?!

на 1. 06. 2016 | | sq

Напис: Села на скопските планини: Колку  убави се албанските територии!

Лидерот на ДР–ДПА, Зијадин Села, денеска со неколку активисти од оваа партија во Скопје, ги посетил планинските предели, односно Света Петка, позната како Рид на балистите, известува „Дрини“. „Колку  убави се албанските територии, треба да сме горди и внимателни за нашата земја“, рече Села, кој заедно со неколку активисти и членови на ДР-ДПА си се одморија и уживаа во прекрасната природа што ја нуди оваа зона.

[Рецензија: Села на скопските планини: Колку се убави албанските територии!]

Да се напише вест за еден излет е бесмислено, уште повеќе кога станува збор за еден политички субјект и за лидер на една партија. Каде е веста во овој текст? Факт е дека во

Оцрнувачки и подбуцнувачки текст

на 1. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: КУРИР: Екс советникот на Оливер Спасовски во украинско сценарио]

  Пред нас имаме наменски скроена спинерска конструкција, во која на удар е претставник на раководните структури на најголемата опозициска партија. Истовремено, оваа тенденциозна и манипулативна објава, која прозвучува со нетрпеливост, па и со анимозитет кон социјалдемократот Едмонд Адеми, ја вознемирува публиката, заплашувајќи ја со наводно украинско сценарио. Линк до оригиналниот напис: КУРИР: Екс советникот на Оливер Спасовски во украинско сценарио Датум и време на објавување: 29.05.2016, 11:24 Датум на рецензирање: 31.05.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

СПИНУВАЊЕ СО СТАРИ ОБЈАВИ НА „ФЕЈСБУК“

Написот ги нема потребните елементи на еден коректен новинарски производ – вистинитост, содржајност, објективност. Од стари фејсбук-статуси се прави тенденциозна приказна за Адеми и притоа се изнесуваат злонамерни,

Повторувањето како мајка на шпекулативното новинарство

на 31. 05. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Бугарски Фокус ја потресе Владата – пола од министрите и Груевски со бугарски пасош]

  Прашањето за тоа колку стари и нови министри и воопшто политичари на ВМРО-ДПМНЕ имаат бугарски пасоши се влече низ страниците на нашите весници, како и темите за НЛО или непознатото водно чудовиште во заливот кај црквата Свети Наум на Охридското Езеро. Ако денеска нема тема или  вест со која ќе се предизвика внимание кај читателите, се вади од фиока нешто што е веќе објавувано, што сигурно предивикува реакција, ама мора да се смета на кусата меморија на консументите. Ова е таква вест. Линк до оригиналниот напис: Бугарски Фокус ја потресе Владата – пола од министрите и Груевски со бугарски пасош Датум и време

Политичко „фарбарње“ на „Шарената револуција“

на 30. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Платеничката револуција го покажа вистинското лице: Застана зад лидерот аболиран за криминал од 8 милиони евра украдени од државата]

  „Боење“ ама со партиско-политички тон. Овој медиумски производ е продолжение на серијалот, што се обидува „Шарената револуција“ по секоја цена да ја врами во домашниот дневен политики дискурс – власт наспроти опозиција. Притоа се користат, од новинарска гледна точка, недозволени средства.  Линк до оригиналниот напис: Платеничката револуција го покажа вистинското лице: Застана зад лидерот аболиран за криминал од 8 милиони евра украдени од државата Датум и време на објавување: 25.05. 2016, 22:43 Датум на рецензирање: 27.05.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

„КЕЦ НА ДЕСЕТКА“

Појавувањето на лидерот на опозицијата и дел од неговите соработници на еден од протестите на „Шарената револуција“,

Само да се плука по „Шарената револуција“

на 30. 05. 2016 | |
 

[Рецензија: Изградиле, па ќе уништуваат: Заев, Шеќеринска, новопечениот милионер Шилегов и платениците на Соорос и денеска се изживуваа со боја]

  Овој текст е коментаторски и е полн со квалификации и со неиздржани обвинувања кои имаат цел да ја нападнат „Шарената револуција“, а особено некои функционери од СДСМ и граѓански активисти кои ги поддржуваат протестите. Линк на оригиналниот напис: Изградиле, па ќе уништуваат: Заев, Шеќеринска, новопечениот милионер Шилегов и платениците на Соорос и денеска се изживуваа со боја Датум и време на објавување: 25.05.2016 Датум на рецензирање: 29.05.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ЕТИКЕТИРАЊЕ

Уште во самиот наслов и на почетокот од текстот, имаме разни квалификации и етикетирања на поддржувачите на „Шарената револуција“. „Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, неговата заменичка

Кафеански муабет и новинарски текст не е исто

на 30. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: СЕКС СКАНДАЛ ВО ЗАТВОРОТ „ШУТКА“ – ВМЕШАНИ ДИРЕКТОРИТЕ!]

Ова четиво е премногу „тенко“, со многу тенденциозни и непоткрепени тврдења. Толку шпекулации на едно место, тешко се наоѓаат во еден напис, па тој многу повеќе наликува на кафеански муабет. Линк до оригиналниот напис: СЕКС СКАНДАЛ ВО ЗАТВОРОТ „ШУТКА“ – ВМЕШАНИ ДИРЕКТОРИТЕ! Датум и време на објавување: 25.05.2016 Датум на рецензирање: 27.05.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ДИСКРЕДИТИРАЊЕ

Целиот текст е шпекулација, од почеток до крај. Во новинарството, секако, дозволени се и шпекулации, но тие секогаш  треба да бидат поткрепени со валидни извори и со аргументација. Написот како извор посочува друг медиум (Центарњуз), но тој не е линкуван, а потоа целосно се потпира на таа објава и ја пласира истата (дез)информација без

„Војна“ со веганите или брзоплетост?

на 30. 05. 2016 | |

[Рецензија: Тројца вегани починаа при обид да се искачат на Монт Еверест]

  Рецензираме вест од домашна информативна агенција, за смртта на тројца членови на алпинистичка експедиција на највисокиот врв на светот, Монт Еверест, која се случи минатата недела и која осамна на страниците на огромен број медиуми, не толку поради тоа што вакви вести секогаш се проследувани од средствата за информирање, туку поради еден бизарен факт: една од починатите планинари била – веган! Фокусот на интересирањето на многу од медиумите беше токму тоа што таа била проминентен заговорник на веганската исхрана и промотер на идејата дека и веганите се способни за големи спортски потфати, како и спортистите со „нормална“ исхрана. Но, токму тоа предизвика и лавина реакции дека се

Навреди за сопствената публика!

на 27. 05. 2016 | | sq
[Рецензија: Заев и Шекеринска се посебни, ние другите сме стока] Едно од елементарните правила и една од првите лекции во новинарството е дека на прашањата на новинарите одговораат директно засегнатите, овластените, експертите или авторитетите. Изборот е токму по тој редослед. Текстот што го рецензираме не ги познава овие правила и лекции и си одговара сам себеси. Еве, повелете: „Дали појавувањето на Зоран Заев и Радмила Шеkеринска, првите две виолини во СДСМ, на завчерашниот протест во Скопје и фрлањето балони со боја врз Министерството за правда од нивна страна не е смислен потег со кој раководството на СДСМ сака да искористи уште една привилегија од македонските институции повикувајќи се на својата политичка позиција на предводници на опозицијата? „Нека ги казнат Зоран