verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Само да се плука по „Шарената револуција“

on 30 - 05 - 2016       

 

Изградиле, па ќе уништуваат_ Заев, Шеќеринска, новопе_ - http___republika.mk_

[Рецензија: Изградиле, па ќе уништуваат: Заев, Шеќеринска, новопечениот милионер Шилегов и платениците на Соорос и денеска се изживуваа со боја]

 

Овој текст е коментаторски и е полн со квалификации и со неиздржани обвинувања кои имаат цел да ја нападнат „Шарената револуција“, а особено некои функционери од СДСМ и граѓански активисти кои ги поддржуваат протестите.

Изградиле, па ќе уништуваат_ Заев, Шеќеринска, новопе_ - http___republika.mk_Линк на оригиналниот напис: Изградиле, па ќе уништуваат: Заев, Шеќеринска, новопечениот милионер Шилегов и платениците на Соорос и денеска се изживуваа со боја

Датум и време на објавување: 25.05.2016

Датум на рецензирање: 29.05.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ЕТИКЕТИРАЊЕ

Уште во самиот наслов и на почетокот од текстот, имаме разни квалификации и етикетирања на поддржувачите на „Шарената револуција“.

„Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, неговата заменичка Радмила Шеќеринска, новопечениот милионер Шилегов и платениците на Соорос, неѓу кои и Мирјана Најчевска, која денеска не го испочитува законот и не се јави на поканата за информативен разговор во полициската станица „Беко“, рамо до рамо и денеска се изживуваа со боја врз државниот и јавниот имот на Република Македонија, врз оние објекти кои ниту ги изградиле ниту некогаш се грижеле за нив“.

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, е етикетиран како новопечен милионер, иако написот не нуди дополнително објаснување за ваквите наводи. За професорката Мирјана Најчевска, пак, се посочува дека не го испочитувала законот и не се појавила на информативен разговор во полициската станица Беко. Меѓутоа, ваквата информација не е точна. Ако се обидете да најдете дополнителни информации на други медиуми, на пример, порталот „А1 он“, ќе може да се информирате дека Најчевска го испочитувала законот и отишла пред полициската станица Беко, но внатре на информативен разговор влегол нејзин адвокат, кој е легитимен и нејзин законски претставник. Тоа во овој напис не може да се прочита.

„Со вандалскиот чин на фрлање боја на Министерството за правда лидерот на СДСМ конечно го покажа висинското лице, дека не само што е лидер на опозицијата туку е и лидер на Шарената револуција“.

Ова е уште еден спин кој власта упорно го турка преку некои медиуми. Тоа што функционери на СДСМ ја поддржуваат „Шарената револуција“, не значи дека таа партија е организатор на истата. „Шарената револуција“ е граѓанска иницијатива зад која пред сè стои  движењето „Протестирам“.

„КРИМИНАЛЦИ, ПЛАТЕНИЦИ И СОРОСОИДИ“

„И секако, не е случајно, аболираните криминалци, не можејќи да ѝ избегаат на правдата, удрија по Министеството за правда. Веројатно очекуваат дека нивното шарено дивеење ќе ѝ го попречи патот на правдата која неминовно ќе ги стигне. Тие наводно бараат укинување на аболицијата и еднаквост пред законот“.

Аболирани криминалци? Класично пресудување од медиумот без докази. Гореспомнатите се етикетираат како криминалци без да имаат некаква пресуда за сторено кривично дело. Тука е прекршен членот 8 од Кодексот на новинари во кој јасно е пропишано дека:

Во судските постапки треба да се почитува принципот на презумција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда

Понатаму, од сите лица врз кои се атакува во овој напис, на листата на аболирани се најде само лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и тоа не по негово барање. Тоа беше одлука на претседателот Иванов, кој одлучи да помилува 56 лица, меѓу кои, најголем дел функционери од власта.

Подолу во текстот повторно се користат класификации од типот „соросоиди и платеници“ и повторно се етикетира професорката Мирјана Најчевска.

Очигледна цел на овој новинарски прозивод ( ако може така да се нарече, бидејќи не исполнува ниту еден стандард за тоа како треба да изгледа еден новинарски текст), е ширење на политичка пропаганда и по секоја цена плукање по поддржувачите на „Шарената револуција“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести