verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Оцрнувачки и подбуцнувачки текст

on 1 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

pres 24

[Рецензија: КУРИР: Екс советникот на Оливер Спасовски во украинско сценарио]

 

Пред нас имаме наменски скроена спинерска конструкција, во која на удар е претставник на раководните структури на најголемата опозициска партија. Истовремено, оваа тенденциозна и манипулативна објава, која прозвучува со нетрпеливост, па и со анимозитет кон социјалдемократот Едмонд Адеми, ја вознемирува публиката, заплашувајќи ја со наводно украинско сценарио.

edmond ademiЛинк до оригиналниот напис: КУРИР: Екс советникот на Оливер Спасовски во украинско сценарио

Датум и време на објавување: 29.05.2016, 11:24

Датум на рецензирање: 31.05.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

СПИНУВАЊЕ СО СТАРИ ОБЈАВИ НА „ФЕЈСБУК“

Написот ги нема потребните елементи на еден коректен новинарски производ – вистинитост, содржајност, објективност. Од стари фејсбук-статуси се прави тенденциозна приказна за Адеми и притоа се изнесуваат злонамерни, но и опасни обвинувања дека тој повикува на насилство:

„Адеми, кој е член на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, јавноста го запозна преку неговиот повик на Фејсбук да се лее крв на улиците.“

Инаку, овој статус на Адеми е од јануари 2015 година, напишан во затегната политичка состојба, во време кога во организација на „Студентски пленум“ се одржуваа протести против реформите во високото образование. Кога Апелациониот суд конечно ја обелодени долгоочекуваната пресуда, според која новинарот Томислав Кежаровски беше осуден на две години затвор (односно ја  намали првостепената пресуда од четири години и шест месеци затвор на две години), за наводно откривање идентитет на заштитен сведок. Неполни 24 часа откако беше објавена одлуката на Апелацискиот суд, Кежаровски  со полиција и со лисици на рацете беше спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари, за доиздржување на затворската казна од три месеци и 10 дена. Во знак на револт, новинраските организации и невладиниот сектор организираа протест пред Апелацискиот суд за слобода на Кежаровски.

Споменатата објава на Адеми на „Фејсбук“ е инспирирана од општата политичка атмосфера во земјата и претатсваува личен, емотивен одговор за тоа како се практикува демократијата и како се дели правдата. Неговата порака е реторичка и тој, веројатно, алудира на тоа дека без масовни и жестоки протести не може да се урне оваа владејачка гарнитура. Во текстот што го рецензираме, пак, се претставува дека тој, наводно, повикува или провоцира наслиство.

 

КРАЈ НА СВЕТОТ!

Текстот спинува и со уште еден фејсбук-статус на Адеми  од 7 мај годинава, поттикнат од изборот на „првиот муслиман за градоначалник на Лондон“, а ставен во контекст на нашата политичка реалност и со нагласок на (не)расположението на владејачката партија за опцијата премиер да биде Албанец. Настрана што заложбата на Адеми за премиер Албанец, текстот ја претставува како да е во прашање „катаклизма“ или „крај на светот“,  во него се пласира и невистина дека Адеми се злагал за федерализација.

„Откако беше награден за ваквите ставови од неговите партиски шефови, продолжи во истата насока. Иако земаше пари од државата, Адеми продолжи да ги промовира партиските политики на СДСМ и да се залага за федерализација и премиер Албанец.“

Инаку, Адеми е на удар и поради тоа што беше вработен во кабинетот на техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. И независно што за неговиот ангажман земал надомест – плата, како и сите вработени во министерствата, во написот се тврди дека тој бил „ награден“. Само, според таквата логика, излегува дека и сите советници во министерствата и во Владата се „наградени“.

 

ВТОРАТА СТРАНА – ИГНОРИРАНА

А, кога веќе некој се напаѓа, коректно е да се побара изјава, став од него – во конкретниот случај од Адеми. Но, туку втората страна е целосно игонрирана. Меѓутоа, од конструкции текст не бива. Тоа нема врска со принципите на професионално новинарство, туку наликува на материјал за политичко-партиска употреба.

Со овој нагласено пристрасен материјал се повредени повеќе членови од Кодексот на новинари.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци…

…Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.  (член 1)

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.  (член 13)  

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.(Член 14)

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги. (Член 16)

Инаку, овој оцрнувачки текст е целосно преземен од друг портал  (заедно со насловот, фотографиите и со видеозаписот), тоа е назначено со потемни букви и изгледа како да има линк, ама тој не е активен, што, исто така, претставува пропуст.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест)

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести