Сензационализам без причина и без чувствителност
Објавено во Рецензии
on 1 - 06 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: ФОТО: Страшна сообраќајка – пратеникот Павле Трајанов во директен судир пред Гевгелија]
Ако во оваа рецензија почнеме од насловот на оваа медиумска содржина:
„Страшна сообраќајка – пратеникот Павле Трајанов во директен судир пред Гевгелија“,
и ако потоа стигнеме, живи и здрави, до епилогот и на настанот и на текстот:
„Тој не е повреден, а четворица сопатници на двете возила имале повреди, биле префрлени во клиниките, а потоа сите пуштени на домашно лекување“,
на ова кратко патување ќе се соочиме со бескрајната провалија меѓу професионализмот и сензационализмот без причина.
Навистина, воопшто не е за потценување сообраќајката и, за среќа, учесниците во неа поминале многу подобро отколку што можело да биде, ама вака да се надува наслов е – жива измама!
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Страшна сообраќајка – пратеникот Павле Трајанов во директен судир пред Гевгелија
Датум и време на објавување: 30.05.2016, 12:10
Датум на рецензирање: 01.06.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
НАСЛОВОТ – ЖИВА ИЗМАМА!
Нема премногу да се задржуваме на бројните слабости на овој текст. Освен насловот, нема ниту една изјава од овластени или експертски лица за сообраќајна несреќа што се случила два дена претходно. Нема изјава од ниту еден од учесниците во сообраќајката, иако една од нив е позната личност, а башка ниту еден не бил задржан во болница.
Наместо тоа, објавуваме некои од препораките (Новинарски прирачник) за известувања од вакви настани. Првата од нив вели дека треба да се биде сигурен дека насловот и воведот се во склад и произлегуваат од тоа што е содржано во текстот.
Следната препорака вели дека кога се известува за несреќи или за криминал, секогаш мора да се внимава како тоа може да влијае врз жртвите и врз нивните најблиски. Мора да се покаже почит кон луѓето кои се во тага или во состојба на шок.
Впрочем, тоа го налага и Кодексот на новинарите во членот 8:
Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.
Наместо придржување до овие препораки, пред нас е содржина од оние „евтини“, „петпарачки“, „булеварски“, „трачерски“ кои сметаат на сензационализам и непроверерени вести за да привлечат и да го задржат интересот на поширок круг читатели. Неоправдано!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
не може да се утврди
нема лажни информации
не аплиактивно
комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови