verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кафеански муабет и новинарски текст не е исто

on 30 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

nardoen glas

[Рецензија: СЕКС СКАНДАЛ ВО ЗАТВОРОТ „ШУТКА“ – ВМЕШАНИ ДИРЕКТОРИТЕ!]

Ова четиво е премногу „тенко“, со многу тенденциозни и непоткрепени тврдења. Толку шпекулации на едно место, тешко се наоѓаат во еден напис, па тој многу повеќе наликува на кафеански муабет.

seks skandalЛинк до оригиналниот напис: СЕКС СКАНДАЛ ВО ЗАТВОРОТ „ШУТКА“ – ВМЕШАНИ ДИРЕКТОРИТЕ!

Датум и време на објавување: 25.05.2016

Датум на рецензирање: 27.05.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ДИСКРЕДИТИРАЊЕ

Целиот текст е шпекулација, од почеток до крај. Во новинарството, секако, дозволени се и шпекулации, но тие секогаш  треба да бидат поткрепени со валидни извори и со аргументација. Написот како извор посочува друг медиум (Центарњуз), но тој не е линкуван, а потоа целосно се потпира на таа објава и ја пласира истата (дез)информација без да направи напор да ја провери.

Затскривајќи се зад формулацијата „како што дознаваме“ , на читателите им се подметнува приказна за наводен „секс-скандал во затворот Шутка“. И како во холивудски сценарија, има директори и службенички. Притоа се нафрлаат (дез)информации – комплетно непроверени и непотврдени и се валкаат имињата на неколку личности, кои се споменуваат со функциите, а некои и со иницијали.

„Имено заменик директорот влегол во сексуална афера со швалерката на актуелниот директорот А.Ѓ, која е вработена службеничка во затворот“.

Но,  дали ова е од јавен интерес? Точно е дека „директор на затвор“ е јавна функција, но дали тоа значи дека треба и неговиот приватен живот (доколу е точно напишаното) да се изнесе во јавноста и тоа на ваков начин: без прецизни извори, докази и аргументација. Секако, не!

Според начинот на кој е напишан и пласиран овој материјал, остава простор за сомнеж дека е наменски скорен за лична или политичка пресметка.  Со ваквиот начин на (дез)информирање се прекршени  повеќе одредби од  Кодексот на новинари, меѓу кои:

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. 

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.(член 1)

Новинарот нема свесно да создава, ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…)(член 10)

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.(член 11)

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.(член 12)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести