verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вест за излет?!

on 1 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #207 - 'Drini_mk – Sela në bjeshkët e Shkupit_ Sa të bukura janë trojet shqiptare! (Foto)' - drini_mk_sela-ne-bjeshket-e-shkup

Напис: Села на скопските планини: Колку  убави се албанските територии!

Лидерот на ДР–ДПА, Зијадин Села, денеска со неколку активисти од оваа партија во Скопје, ги посетил планинските предели, односно Света Петка, позната како Рид на балистите, известува „Дрини“.

„Колку  убави се албанските територии, треба да сме горди и внимателни за нашата земја“, рече Села, кој заедно со неколку активисти и членови на ДР-ДПА си се одморија и уживаа во прекрасната природа што ја нуди оваа зона.

[Рецензија: Села на скопските планини: Колку се убави албанските територии!]

Да се напише вест за еден излет е бесмислено, уште повеќе кога станува збор за еден политички субјект и за лидер на една партија. Каде е веста во овој текст? Факт е дека во овој случај немаме работа со вест, туку со една, условно, умилкувачка пропаганда. За што ја информира јавноста авторот со овој текст? Ако акцентот се става на оценките на Села за скопските планини, ова само ја докажува пропагандистичката цел на веста.

„Лидерот на ДР – ДПА, Зијадин Села, денеска со неколку активисти од оваа партија во Скопје, ги посетил планинските предели, односно Света Петка, позната како Рид на балистите, известува „Дрини“.

Sela në bjeshkët e Shkupit screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Села на скопските планини: Колку  убави се албанските територии!”

Датум и време на објавување: 23.05.2016

Датум на рецензирање: 24.05.2016

Рецензент: Адриан Керими

Вистината е дека тука нема основа за вест. Авторот употребил еден цитат, кој постои можност да не му бил кажан директно нему, туку да бил објавен на некоја од социјалните мрежи. Текстот е дополнет со неколку фотографии, за кои не само што не се кажува од каде се позајмени, туку и нивниот квалитет не соодветствува на еден напис.

„Колку се убави албанските територии, треба да сме горди и внимателни за нашата земја“, рече Села, кој заедно со неколку активисти и членови на ДР-ДПА си се одморија и уживаа во прекрасната природа што ја нуди оваа зона“.

За текстовите кои се пропагандистички и со комерцијална доза, пишува и во Етичкиот кодекс, точка 6, каде што јасно е прецизирано дека „Новинарот не смее да го користи медиумот за објавување или прикривање информации за стекнување лична корист“. „Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата“.

На написот му недостигаат неколку елементи за тој да може да се нарече вест. На пример, целосна изјава и повеќе информации за посетата на лидерот на ДР-ДПА и за неговите средби со активистите, ако тоа било причината за посетата. Или, пак, фактот дека посетата е непротоколарна и неофицијална и дека средбата била надвор од политички контекст. И тоа што е најважно, вистината дека на фотографијата се гледаат деца малолетници и истите сигурно не се дел од групата таканаречена активисти на ДР-ДПА.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести