„Бајат кромид“ пласиран како актуелна вест
Објавено во Рецензии
on 1 - 06 - 2016 Автор: Владимир Мирчески
[Рецензија: Неверојатно: Рудар пронајден жив откако 17 години бил закопан под земја]
Ем „кродмид-вест“, ем бајата „кромид-информација“. И на таква каква што е, се налепуваат домашна информативна веб-страница и уште цела низа други, па се пренесува како веродостојна новина. Човек не знае дали да плаче или да се смее на ваквите производи што им се пласираат на нашите читатели.
Линк до оригиналниот напис: Неверојатно: Рудар пронајден жив откако 17 години бил закопан под земја
Датум и време на објавување: 30.05.2016 13:14
Датум на рецензирање: 31.05.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
ДВАПАТИ МЕРИ, ЕДНАШ СЕЧИ
Уште во 2014 година, веб-страницата World news daily report објави неверојатна приказна за тоа како еден кинески рудар случајно е пронајден во рудник каде останал затрупан 17 години. Уште тогаш, пред две години, многу бргу се утврди дека станува збор за кромид-вест зашто веб-страницата е позната по лиферувањето бомбастични, спектакуларни и невистинити стории. Неколку медиуми пренеле дека веста едноставно не е вистинита.
„Chinese Miner Found Alive After 17 Years Underground” is Hoax – International Business Times (10.05.2014)
„Deep Underground” – Snopes (12.05.2014)
Впрочем, за каков тип медиум се работи, станува видливо и „од авион“ откако ќе го прочитате делот „За нас“ на World news daily report, каде пишува дека е „Американско-еврејско ционистички весник, стациониран во Тел Авив, посветен на покривање библиско-археолошки вести и други мистерии од целиот свет.“
Ама, еве, и да не сте прочитале повеќе за оваа веб-страница, дали здравата логика не ви кажува дека нешто чудно мириса во информацијата дека „рудар преживеал 17 години под земја, во окно, меѓу другото, јадејќи ги и своите загинати колеги“.
Прашањето е како по две години овој „странски кромид“ се увезува на „домашниот пазар“. Навистина, неверојатно што сè ѝ се „продава“ на јавноста во земјава и тоа не само од едно место, туку од повеќе медиуми.
Првиот член од новинарскиот Кодекс сугерира дека:
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.
Само, кој да провери! А и ништо од народната „Двапати мери, еднаш сечи“ или од новинарски агол – „Двапати провери, еднаш објави“.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
ПРИСТРАСНОСТ
не
лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови