verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Војна“ со веганите или брзоплетост?

on 30 - 05 - 2016       

MAKFAKS

[Рецензија: Тројца вегани починаа при обид да се искачат на Монт Еверест]

 

Рецензираме вест од домашна информативна агенција, за смртта на тројца членови на алпинистичка експедиција на највисокиот врв на светот, Монт Еверест, која се случи минатата недела и која осамна на страниците на огромен број медиуми, не толку поради тоа што вакви вести секогаш се проследувани од средствата за информирање, туку поради еден бизарен факт: една од починатите планинари била – веган! Фокусот на интересирањето на многу од медиумите беше токму тоа што таа била проминентен заговорник на веганската исхрана и промотер на идејата дека и веганите се способни за големи спортски потфати, како и спортистите со „нормална“ исхрана. Но, токму тоа предизвика и лавина реакции дека се става непотребен акцент на веганството на жртвата, Австралијанката Марија Стридом, бидејќи нејзината смрт не може да се поврзе со нејзините навики во исхраната, како што, впрочем, бил случајот и со другите двајца починати членови на експедицијата, кои не биле вегани.
Веста, која е предмет на нашиот интерес, меѓутоа отишла чекор подалеку и сите тројца починати на Монт Еверест постхумно ги прогласила за – вегани! Дали ова се должи на брзоплетоста, изгубеноста во преводот или површниот пристап кон обработката на вестите од странски извори, не може со сигурност да се каже. Но, факт е дека консументите на информацијата се неоправдано дезинформирани.

Рецензија: Војна против веганите или само несмасност?Линк до оригиналниот напис: Тројца вегани починаа при обид да се искачат на Монт Еверест

Датум и време на објавување: 23.05.2016, 15:47:27

Датум на рецензирање: 29.05.2016

Рецензент: Југослава Дуковска

 

ТОЧНИ И НЕТОЧНИ ФАКТИ

Фактите во оваа вест можат да се поделат во две групи: на точни и на неточни. Во неточните спаѓа не само тврдењето дека загинале тројца вегани, туку и дека експедицијата била составена „главно од вегани“. Точно е дека Стридом и нејзиниот сопруг биле вегани, а дека во ниту еден светски медиум не се наведува какви навики во исхраната имале другите членови на 30-члената меѓународна експедиција. Сопругот на починатата алпинистка, исто така, имал симптоми на висинска болест, но успешно закрепнал.
Дополнително, дали поради проблеми со преводот од англиски или поради превид, во веста стои дека Стридом била лектор по професија, а всушност таа била професор по финансии на Универзитетот „Монаш“ во Австралија.

 

НЕМА ИЗВОРИ

Нема наведени извори на информациите, односно во веста нема повикување на ниту еден извор.

Дополнителен проблем со оваа вест е што таа се гради околу податокот дека починатата (и уште двајца други планинари) била веган, што е комплетно ирелевантна информација, која нема врска со настанот ниту со причината за смртта, иако е познато дека се работи за висинска болест. Со тоа, веганството е неоправдано претставено во негативно светло, што предизвика реакции дека се работи за намерна кампања. Но, фактот што висинската болест е целосно неповрзана со прехранбените навики на планинарите, не ги спречила ниту бројните светски медиуми во прв план да го исфрлат токму веганството на австралиската алпинистка Марија Стридом пишувајќи за овој настан, а очигледно не ја спречила ниту дезинформацијата во веста која ја рецензираме – дека не еден, туку дури тројца вегани починале на Монт Еверест.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

има и точни и неточни

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести