Рецензии

Кога од мува се прави слон

на 9. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Арачиново му вели СТОП на Фатмир Лимани

„Патриотот“ кој се обидува да ги манипулира Албанците со поклонување пред паднатите борци, ставајќи цвеќе на гробиштата, а навечер усвојувајќи македонски проекти за да им го направи животот рај, ги иритирал жителите на Арачиново кои му забрануваат влез во оваа општина. Како што се гледа, овие Албанци од овој крај одлучиле да му забранат влез за да не плаче дење за паднатите борци, а ноќе да се привилегира од државата, молчејќи за „македонскиот рај“, пишува „Тетова сот“. Низ целата општина Арачиново се гледаат залепени летоци „СТОП Фатмир Лимани“, со кои му порачуваат на „патриотот“ дека му се забранува да постави цвеќиња на гробиштата на паднатите борци. Инаку, со негово одобрување во

Полуинформација – услов за паника

на 8. 06. 2016 | | sq
  Текстот кој е сензационалистички напишан,  е можен извор за паника кај дел од јавноста. Проблематиката на болеста воопшто не е начната ниту, пак, се дадени мислења од епидемиолози или од надлежните институции за справување со заразни болести. Линк до оригиналниот напис: ОПАСНА БОЛЕСТ СЕ ШИРИ ВО СРБИЈА: И во Македонија може да се појави! Датум на рецензирање: 07.06.2016 Рецензент: Димитар Тануров „Кожна заразна болест наречена Лајшманиоза, Cutaneous leishmaniasis, која се шири во Сирија и Блискиот Исток, му зе заканува на регионот“. Насловот на текстот наведува дека болеста е веќе проширена во соседна Србија, но во главата на веста овој податок не е пренесен, туку се наведува Сирија како место каде е распространета болеста. Информацијата, како што и се наведува

Не само да се објави, информацијата треба и да се провери

на 8. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: Илија Димовски исшамаран во Велес, полицајците си гледале СЕИР]

  Материјалот што е предмет на оваа рецензија е едностран, се базира на рекла-кажала разговори, а добиените информации не се убаво проверени. Тоа го прави написот неверодостоен. Линкуван наслов на анализираниот напис: Илија Димовски исшамаран во Велес, полицајците си гледале СЕИР Датум и време на објавување: 06.06.2016 Датум на рецензирање: 08.06.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ЧАРШИСКИ МУАБЕТ

Овој новинарски производ, ако може така да  се нарече, бидејќи ги нема основните елементи на еден професионален новинарски текст, повеќе наликува на чаршиски муабет. Имено, во текстот очигледно се сака да се оцрни името на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. „Ексклузивно дознаваме дека пратеникот од ВМРО ДПМНЕ и координатор на пратеничката

Кога медиумот крши ’рбет

на 8. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: Заев повторно ја витка „кичмата“: Македонија ја провоцира Грција, мора да направиме отстапки]

Колку пати може да се скрши еден ’рбет. Со помош на пропагандата и со едностраното, пристрасно новинарство – илјадници пати. Колку пати сакаш! Пред нас е медиумска содржина која е изведена од интервју на лидерот на опозицијата во Македонија за една странска агенција. Освен што нема линк до интервјуто за да се види дека е реално и за да се добие можност читателите да добијат увид во сите аспекти опфатени во ова интервју, текстот што го рецензираме вади само една поента од тој разговор и го става во рамка со предумисла да ги прикаже како проблематични поентите на интервјуираниот. Како дојдовме до тој заклучок? Многу едноставно.

Напис што ниту Коце не може да го „измие“

на 8. 06. 2016 | |
[Рецензија: Браво Коце – не можете вие да уништувате колку што ние создаваме]
Додворувачко четиво. Наменски текст што треба да ги воспева „квалитетите“ на првиот човек на Град Скопје, кој, надвор од надлежностите, а и од протоколот, изигрува „комуналец“ пред објективите на медиумите. Овој напис е една најобична реклама за градоначалникот и сериозна антиреклама за демонстрантите.
Линк до оригиналниот напис: Браво Коце – не можете вие да уништувате колку што ние создаваме Датум и време на објавување: 06.06.2016  23:55 Датум на рецензирање: 07.06.2016 Рецензент: Владимир Мирчески     ПЛОШТАДОТ ЌЕ СЕ ИСЧИСТЕШЕ И БЕЗ КОЦЕ „КОМУНАЛЕЦ“ Ова е материјал „творен“ во доцните вечерни часови, веднаш по промо-позирањето на Коце Трајановски, кој, ете, на надлежните комунални служби им покажува како се мие

Живописен информативен текст за македонската митра

на 8. 06. 2016 | |
 
[Рецензија: Македонска митра од Рајчица стана тијара на папата Франциско]
Информативен и интересен текст кој нуди несекојдневни информации поврзани со македонската митра, која ја изработуваат монахињите во манастирот „Рајчица“. Материјалот што е предмет на рецензија ги информира читателите дека една од овие, своевидни уметнички дела, му е подарена на папата Франциск и „веќе е заведена како негова тијара во согласност со ватиканската традиција секој папа да има своја митра“. Овде, освен што се прикажува до каде може да стигнат македонските митри, читателите се едуцираат и за тоа дека станува збор за одреден вид традиција на Ватикан.   Линк до оригиналниот наслов: Македонска митра од Рајчица стана тијара на папата Франциско Датум и време на објавување: 19.05.2016, 18:04

Драмска дилема за аматерска појава

на 8. 06. 2016 | |
 
[Чоревски се посрамоти со тотално измислена приказна за Груевски]

  Шекспир е автор на комедијата „Многу врева за ништо“, која е добро позната на театарската и на филмската публика. Во неа има многу ликови, настани, тензии и – среќен крај. За волја на вистината, во текстот кој е предмет на рецензијава има голем дефицит на сето тоа, иако се работи за нешто што се најавува како истражувачка сторија и тоа околу театарските денови на експремиерот Груевски. Од аспект на македонските стории за драмскиот бекстејџ и она што било на „штиците што живот значат“, појавата на Груевски како статист во една навистина култна претстава не значи ама баш ништо. Па, и нема елементарен повод да се прави од сето тоа

Полувистините и етикетирањата не се дозволени во веста

на 8. 06. 2016 | |
  Текстовите во еден медиум не смеат да бидат полувистини, ниту полушпекулации. Тие треба да бидат проверени целосно и докрај да го расчистат настанот за кој се пишува. Сè друго остава сомнеж дека нешто друго се сака да се постигне со написот, а не информирање, како што е случајот со овој текст. Линк до оригиналниот напис: Изјава на родителот нападнат од платениците на СДСМ: Сакав само да го однесам детето на преглед на детска кардиологија Датум и време на објавување: 01.06.2016/12:46 Датум на рецензирање: 07.06.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев Написот е тенденциозен и со невистини и навреди, и тоа се гледа уште од првиот пасус: „Вандалите и хулиганите кои протестираат за потребите на СДСМ синоќа нападнаа родител кој само сакаше да

Фотографија „без илјада зборови“, се дополнува со факти, а не со шпекулации

на 8. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Од кого се плаши Али Ахмети со пиштол во појасот

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, направил една фотосесија во неговото родно место, известува агенцијата за вести ИНА. Во овој албум, како никогаш порано, тој се појавува со пиштол на појасот. Освен ова, тој изгледа е и со необична облека. Фотографиите се споделени по социјалните мрежи, а многу корисници го поставиле прашањето од кого се плаши Али Ахмети, па шета вооружен и во регионот на општина Зајас. (ИНА)  

[Рецензија: „Од кого се плаши Али Ахмети со пиштол во појасот“]

Доколку ви се случи да ги споредите фотографиите во фото-апаратот на еден турист со тие на еден фото-репортер, ќе забележите дека станува збор за еден целосно различен сет на фотографии.

„Вест“ што никој не ја разбира

на 8. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Странските служби на МВР ги украле „бомбите“ на Чауш?

На мистериозен начин исчезнале снимени материјали, хард-дискови и УСБ-стикови во кои се, наводно, зачувани дел од „бомбите“ на СДСМ, кои, пак, во сензационалната акција на МВР извршена на 23 март годинава „случајно се пронајдени“  во куќата на браќата Закир и Имер Беќири во населба Ченто, на кои им се судеше за случајот со „лажните лични карти“. Првпат за овие материјали што ги нашла полицијата зборуваше поранешниот заменик-министер на полицијата, а сегашен министер, Митко Чавков, на 24 март, еден ден по акцијата. Во куќата на Чауш, според него, се најдени хард-дискови и УСБ-стикови, на кои имало материјали, пренесува „Актуале“.  

[Рецензија: Странските служби на МВР ги украле „бомбите“ на Чауш?]