Рецензии

Етикетирање и спинување за оцрнување

на 15. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: ЕМ ЧАЛАМЏИЈА, ЕМ КАСКАТИЈА: Заев за „шарените“ донираше само 3.000 денари (ВИДЕО)]

  Текстот е едностран и пристрасен, а меѓу информациите се вметнати и коментари кои имаат цел да ги оцрнат личностите на кои се однесува написот. Политичката обоеност на написот може да се забележи уште во самиот наслов, кој е пристрасен, подбивен и дискредитирачки.     Линк до оригиналниот напис: ЕМ ЧАЛАМЏИЈА, ЕМ КАСКАТИЈА: Заев за „шарените“ донираше само 3.000 денари (ВИДЕО)  Датум и време на објавување: 7.06. 2016, 21:11 Датум на рецензирање: 14.06.2016 Рецензент: Димитар Тануров     „На денешната акција каде се собираа пари за демонстрантите кои ги уништуваа спомениците во Скопје се појави и раководството на СДСМ. Во кутиите кои беа поставени свои донации оставија

Од другата страна на црвената линија на пристрасноста

на 15. 06. 2016 | | sq
[Рецензија: ЕУ и САД тргнаа да го уриваат Вучиќ] Во својата работа новинарите треба да се потпираат на две од најсуштествените постапки во нивната работа – верификација, односно проверка на информациите, и избалансираност, односно да се обезбеди сеопфатност на информацијата ако таа има повеќе засегнати страни. Концептот за објективност во новинарската професија не подразбира дека новинарите се лишени од предрасуди. Но, објективноста и избалансираноста се неопходни како методологија во нивната секојдневна практика за да не се доведе во прашање точноста на информацијата заради културните и личните предрасуди на новинарите. Методологијата е објективна, а не новинарот. Овој принцип е наведен во поглавјето „Принципи на новинарството“, во „Прирачникот за етика во новинарството“. Оттаму, она што медиумската содржина што ја рецензираме ќе

Шокантно: Реобјавување на стари вести за нови кликнувања

на 15. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Потресни факти од скопскиот затвор, зборува командант Чакала

Еден од поранешните команданти на Ослободителната народна армија што оперираше во зоната на Куманово, Липково и на Арачиново, Авдил Јакупи, познат како Командант Чакала, повторно објавил видеозапис на социјалната мрежа „Фејсбук“, каде што зборува за тешката состојба на албанските затвореници во македонските затвори. Тој кажува дека години по ред кон нив е вршено физичко и психичко насилство, пренесува агенцијата за вести ИНА. Чакала во видеоснимката спомнува дека во затворот „Идризово“ близу Скопје, се наоѓаат уште многу поранешни војници на ОНА кои се осудени на доживотен затвор, но и уште 200 други кои се осудени за воени злосторства, кои повеќе од 10 години се по затвори и никој не се интересира

Лош обид за спинување во полза на власта и за дискредитирање на опозицијата

на 14. 06. 2016 | |
 

[Рецензија: Заев му наложи на Уставниот суд да не го оспорува специјалното обвинителство]

  Во коректното новинарство текстовите не би смееле да бидат полувистина и полушпекулација, а за она што категорички се тврди, треба да се посочи извор. Во овој случај е пренесена „комплетна атмосфера од состанокот на централниот одбор на СДСМ, заедно со некои заклучоци и констатации“, а не е посочен никаков извор на тие информации, што ја доведува во сомнеж вистинитоста на напишаното. Но, и тоа не е единствениот проблем во текстот.   Линк до оригиналниот напис: Заев му наложи на Уставниот суд да не го оспорува специјалното обвинителство Датум и време на објавување: 07.06.2016  22:05 Датум на рецензирање: 08.06.2015 Рецензент: Александар Писарев   ЅИРКАЊЕ НИЗ КЛУЧАЛКА?

Вест или коментар?!

на 14. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Новите министри на ДУИ „трпат“ навреди поради пензионираните министри

Новите министри на ДУИ станале цел на албанските граѓани при многу манифестации. Тие ги „трпат“ критиките поради старите министри, кои се сомничат за многу грди дела на штета на албанската кауза во Македонија. Претходниот ден, „свежите“ министри на ДУИ беа остро нападнати на годишнината на битката кај Матејче, во општина Липково, известува агенцијата за вести ИНА. Држејќи монолог, жителот на Куманово Адем Адеми остро ги нападна нарекувајќи ги сироти, предавници на националните идеали, слуги на Груевски, неранимајковци и многу други навреди, што ги заслужуваат пензионираните министри на албанската партија на власт. Неодамна, и почитуваниот оџа Реџаил Азири ги посрамоти министрите на ДУИ. Потсетувајќи ги на улиците низ кумановските села,

Медиумска каша со партиска запршка

на 14. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: ФОТО: Дојде викенд, „шарените“ тргнаа за Халкидики]

  Тенденциозен текст „зачинет“ со наменски фотки, без информативна компонента во себе. Станува збор за провокаторски материјал.  Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Дојде викенд, „шарените“ тргнаа за Халкидики  Датум и време на објавување: 10.06.2016  16:15  Датум на рецензирање: 11.06.2016  Рецензент: Владимир Мирчески   „ШАРАМ-БАРАМ“ ТЕКСТ КОНТРА „ШАРЕНИТЕ“  Ова, недвосмислено, е производ наменет за манипулација. „Мириса“ на некаква „каша“ со партиска запршка за што зборуваат неколку елементи. Прво, текстот во себе нема информативна компонента, поточно не содржи каква било вест, туку шпекулација. Второ, манифестира силна пристрасност кон една политичка опција што се гледа од навредите истурени кон другата страна. Трето, наведените формуалции се екстремно хиперболизирани и во целост не кореспондираат со реалната ситуација. Станува

Чуму расчепкување на веќе апсолвирано прашање?

на 14. 06. 2016 | |
 

[Рецензија: Скандали се нижат во СЈО: Граѓаните и експертите сметаат дека Јанева и соработниците за неработа земаат огромни плати]

Текстот што е предмет на рецензијава ги третира платите на специјалните јавни обвинители, што е веќе апсолвирано прашање, бидејќи Собранието го изгласа и го одобри буџетот на Специјалното јавно обвинителство на 27 јануари годинава. Кога со 64 гласа „за“ и со еден „воздржан“ пратениците го усвоија предложениот буџет и ова прашање е решено на институционално ниво, останува да виси во воздух мислењето на граѓаните… Текстот ја „анализира“ платата на специјалните јавни обвинители само од аспект на бројка, за да прикаже дека тоа е превисока сума за институција која „ништо не работи“.     Линк до оригиналниот напис: Скандали се нижат

Фактите не се кријат лесно, исто и непрофесионализмот

на 14. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Ким Мехмети ја крие својата биографија, не кажува дека бил функционер на ДУИ!

Скопје, 20 февруари – „Ким Мехмети, македонски патриот кој албанството го направи своја професија“, е наслов објавен на порталот „Индекс онлајн“, на 29 ноември 2015 година. Веста зборуваше за тоа како„писателот и аналитичарот Ким Мехмети ги коментирал обвиненијата против него дека некогаш ја поддржал ДУИ, додека пак денес ја критикува“, како што извести овој портал. Но, ова етикетирање не е целта на нашата вест. Агенцијата за вести „Журнал“ ја истражи биографијата на Ким Мехмети објавена на интернет, каде недостига еден нејзин дел. Во биографијата никаде не се спомнува периодот кога тој ја вршел функцијата одговорен на јавниот сервис, на Македонската телевизија, во редакцијата на албански

Шпионот поранешен, вознемирувач сегашен

на 14. 06. 2016 | | sq
[Рецензија: Мејер: Ќе има менување на границите на Балканот] Додека се пишуваат новинарските текстови, секогаш треба да се имаат на ум последиците што еден напис може да ги предизвика. Колку се поголеми потенцијланите последици од една медиумска содржина, толку поголема треба да биде одговорноста на новинарите. Тоа особено се однесува на содржини, теми, што можат да предизвикаат вознемиреност. Таков е текстот што го рецензираме. Самиот негов наслов, „Ќе има менување на границите на Балканот“, веднаш укажува дека оваа тема бара посебен третман. Ништо не треба да се подложи на цензура или автоцензура, но кога веќе до таа мера ни е дадена слободата, дотолку повеќе нам, новинарите, ни се наложува одговорноста. Линк до оригиналниот напис: Мејер: Ќе има менување на

Нова параноична епизода од политичките хајки

на 13. 06. 2016 | |
 

[Рецензија: Катица Јанева по налог на СДСМ продолжува со политичките хајки против ВМРО-ДПМНЕ]

  Не треба да се оди подалеку во анализата од насловот и поднасловот, „Катица Јанева по налог на СДСМ продолжува со политичките хајки против ВМРО-ДПМНЕ“, „СДСМ и Катица Јанева започнаа отворање на ново поглавје во политичките хајки во режија на специјалното јавно обвинителство“, за да се увиди дека под нив ќе следува текст – своевиден параноичен напад на оваа институција. Притоа, во написот не се почитуваат основните стандарди во новинарството: вистинитост, пишување факти, повикување на извори, проценка за јавниот интерес за ваков текст…   Линк до оригиналниот напис: Катица Јанева по налог на СДСМ продолжува со политичките хајки против ВМРО-ДПМНЕ Датум и време на објавување: