verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шокантно: Реобјавување на стари вести за нови кликнувања

on 15 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #244 - 'Fakte tronditëse nga burgu i Shkupit, flet komandant Çakalla – LAJM' - lajmpress_com_fakte-tronditese-nga-burgu-i-shku

 

Напис: Потресни факти од скопскиот затвор, зборува командант Чакала

Еден од поранешните команданти на Ослободителната народна армија што оперираше во зоната на Куманово, Липково и на Арачиново, Авдил Јакупи, познат како Командант Чакала, повторно објавил видеозапис на социјалната мрежа „Фејсбук“, каде што зборува за тешката состојба на албанските затвореници во македонските затвори.

Тој кажува дека години по ред кон нив е вршено физичко и психичко насилство, пренесува агенцијата за вести ИНА.

Чакала во видеоснимката спомнува дека во затворот „Идризово“ близу Скопје, се наоѓаат уште многу поранешни војници на ОНА кои се осудени на доживотен затвор, но и уште 200 други кои се осудени за воени злосторства, кои повеќе од 10 години се по затвори и никој не се интересира за нив.

Тој кажува дека затворот не ги скршил, тие се се уште силни и нескршливи, бидејќи ги држи во живот целта за повторно обединување на Албанија.

За овој случај Чакала вели дека никој досега не побарал постконфликтна амнестија за сите овие војници на ОНА што гнијат по македонските затвори. Тој се повикува на анексот Ц од Охридскиот договор, кој им гарантира ресоцијализација на сите војници на ОНА.

Тој го спомнува и раководството од војната, кое се трансформираше во политичка партија за да влезе во власт и да коалицира со македонската партија на власт.

Тој ги кажува неговите цели и мотиви за вклучување во ОНА, велејќи дека тој и неговите другари, од кои неколку не се меѓу живите, туку се народни херои, беа вклучени во ОНА за ослободување и за обединување на албанските територии.

Меѓутоа, според него, во војната се вклучија неколку луѓе како Али Ахмети, при што за претседателот на ДУИ вели дека е „инфилтриран во ОНА од страна на тајните служби“ и кој ослободителната војна ја претвори во војна за правата на жените.

 

[Рецензија: Потресни факти од скопскиот затвор, зборува командант Чакала]

Кликнување плус по секоја цена. Ова можеби е главната цел на голем број од порталите денес, кои, во суштина, како и секој медиум што тврди дека ги информира граѓаните, треба да бидат гласот на народот, особено во моменти кога јавноста, секој ден и сè повеќе има сè поголем пристап до порталите од кој било друг медиум. И наместо да се создаде некаква кредибилност за нив, како главен медиум на иднината, тие честопати крајно се злоупотребуваат за дезориентација на јавноста.

 

download (2)Линк до оригиналниот напис: „Потресни факти од Скопскиот затвор, зборува командант Чакала“
Датум и време на објавување: 05.06.2016

Датум на рецензирање: 07.06.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Таков пример, за злоупотреба и за дезинформација на јавноста, е и текстот што го рецензираме. Производот што е пласиран на 5 јуни годинава го пренесува ставот на еден затвореник што е објавен на 18 септември 2012 година. Истата вест, поради повторното објавување на оваа содржина на фејсбук- профилот на овој човек пред неколку денови, порталот ја пласира како самата вест да е нова и ја насловува „Потресни факти од скопскиот затвор, зборува командант Чакала“.

„Еден од поранешните команданти на Ослободителната народна армија што оперираше во зоната на Куманово, Липково и на Арачиново, Авдил Јакупи, познат како Командант Чакала, повторно објавил видеозапис на социјалната мрежа „Фејсбук“, каде што зборува за тешката состојба на албанските затвореници во македонските затвори.

Конкретното лице, на својот фејсбук-профил често објавува разни видеозаписи, за да ја потсети јавноста за неговото дело и за неговите ставови. Меѓутоа, кога станува збор за видеозаписот што се пренесува во оваа содржина, тој нема врска со актуелната реалност и претставува намерна манипулација со јавноста.

Новинарот многу лесно можел (иако и ова е нешто чудно за човек кој лежи казна затвор), да земе изјава од Чакала и да го праша дали истата состојба во затворите е присутна и денес, за да се потврди тоа што сакал да го пренесе во насловот.

На овој начин, веста не само што ќе беше поточна и покомплетна, туку ќе добиеше и сеопфатност. Меѓутоа, на новинарот му било полесно да ја објави повторно веста стара четири години и, имајќи ја предвид чувствителноста на предметот што го третирал главниот лик, кликнувањата нема сомнение дека биле многубројни.

Дека ваквата информација е тенденциозна, потврдува и крајот на текстот, каде што се нагласуваат обвиненијата на Чакала кон Али Ахмети. Вака, се создава впечаток дека веста од пред четири години е одново објавена и реактуелизирана само за да се докаже дека „Али Ахмети е инфилтриран во ОНА од страна на тајните служби“.

Во содржината недостига изјаснување од обвинетата страна, но и проценки од познавачите на проблематиката на ситуацијата во затворите, како и податоците од релевантните меѓународни институции што со години ја критикуваат оваа состојба, што би ѝ дале на содржината професионална димензија.

Во Етичкиот кодекс на новинарите се вели: Новинарот не смее поради атрактивноста на текстот да провоцира неоснована загриженост или надеж кај соговорникот или да манипулира со нивните чувства.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести