Етикетирање и спинување за оцрнување
Објавено во Рецензии
on 15 - 06 - 2016 Автор: Димитар Тануров[Рецензија: ЕМ ЧАЛАМЏИЈА, ЕМ КАСКАТИЈА: Заев за „шарените“ донираше само 3.000 денари (ВИДЕО)]
Текстот е едностран и пристрасен, а меѓу информациите се вметнати и коментари кои имаат цел да ги оцрнат личностите на кои се однесува написот. Политичката обоеност на написот може да се забележи уште во самиот наслов, кој е пристрасен, подбивен и дискредитирачки.
Линк до оригиналниот напис: ЕМ ЧАЛАМЏИЈА, ЕМ КАСКАТИЈА: Заев за „шарените“ донираше само 3.000 денари (ВИДЕО)
Датум и време на објавување: 7.06. 2016, 21:11
Датум на рецензирање: 14.06.2016
Рецензент: Димитар Тануров
„На денешната акција каде се собираа пари за демонстрантите кои ги уништуваа спомениците во Скопје се појави и раководството на СДСМ. Во кутиите кои беа поставени свои донации оставија лидерот Зоран Заев, неговата заменичка Радмила Шекеринска, Дамјан Манчевски“.
Влезот на написот презентира информации од настан, но истовремено коментира, што е спротивно на новинарските стандарди кои наметнуваат објективно и непристрасно информирање.
Во написот, демонстрантите се етикетираат како хулигани, а истовремено наведувајќи дека лидерот на опозициската партија им се придружува на протестите, и него го поистоветуваат со хулиган. Пишувајќи за донацииите што ги оставило раководството на СДСМ, се коментира дека тие биле подбивни и оти присутните останале зачудени од сумата. Ваквото тврдење не е поткрепено со никаква изјава, туку коментарот се затскрива зад „присутните“.
ЅИРКАЊЕ ВО ПАРИЧНИЦИТЕ
Исто така се коментира дека сумата е премала ако се земе предвид богатството на врвот на опозициската партија. Сепак, невкусно и непрофесионално е да се коментираат кој колку финансиски „тежи“ и колку средства донира за граѓански здруженија. Голема е веројатноста дека во случај донациите да беа поголеми, веднаш ќе се пројавеа написи или коментари за тоа кој ги финансира граѓанските здруженија.
Текстот, кој служи за дискредитирање на претставниците на опозицијата, се коси со неколку члена од Кодексот на новинари кој налага почитување на етичките вредности и на професионалните стандарди во пренесувањето на информациите.
Член 4
Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.
Член 13
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Член 14
Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.
Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови