verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вест или коментар?!

on 14 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #240 - 'Ministrat e rinj të BDI po i “hajnë” ofendimet e ministrave të pensionuar I Iliria News Agency' - ina-online_net_minis

 

Напис: Новите министри на ДУИ „трпат“ навреди поради пензионираните министри

Новите министри на ДУИ станале цел на албанските граѓани при многу манифестации. Тие ги „трпат“ критиките поради старите министри, кои се сомничат за многу грди дела на штета на албанската кауза во Македонија.

Претходниот ден, „свежите“ министри на ДУИ беа остро нападнати на годишнината на битката кај Матејче, во општина Липково, известува агенцијата за вести ИНА.

Држејќи монолог, жителот на Куманово Адем Адеми остро ги нападна нарекувајќи ги сироти, предавници на националните идеали, слуги на Груевски, неранимајковци и многу други навреди, што ги заслужуваат пензионираните министри на албанската партија на власт.

Неодамна, и почитуваниот оџа Реџаил Азири ги посрамоти министрите на ДУИ. Потсетувајќи ги на улиците низ кумановските села, кои се во катастрофална состојба, предизвика функционерите на ДУИ да се засрамат и да си заминат со наведнати глави.

 

[Рецензија: Новите министри на ДУИ „трпат“ навреди поради пензионираните министри]

Новинарот треба да се реши за кое прашање сака да известува. Доколку станува збор за некој неуспех поради што страда некој друг, за ова треба да се објават факти и докази, а не да се пишува текст во кој повеќе има алудирање отколку информирање. Зад веста што ја рецензираме се забележува тенденција, бидејќи во содржината на секој начин има обид да се потценуваат и да се навредат споменатите.

Eтички кодекс точка 7/3: Правото на јавноста за да се информира не треба да биде изговор за потребата за сензација.

„Новите министри на ДУИ станале цел на албанските граѓани при многу манифестации. Тие ги „трпат“ критиките поради старите министри, кои се сомничат за многу грди дела во штета на албанската кауза во Македонија.

Претходниот ден, „свежите“ министри на ДУИ беа остро нападнати на годишнината на битката кај Матејче, во општина Липково, известува агенцијата за вести ИНА“.

Ministrat e rinj të BDI po i “hajnë” ofendimet screenshot
Линк до оригиналниот напис: „Новите министри на ДУИ „трпат“ навреди поради пензионираните министри“

Датум и време на објавување: 08.06.2016

Датум на рецензирање: 08.06.2016

Рецензент: Адриан Керими

Секогаш треба да се прави разлика меѓу фактите и личните мислења. Новинарот е обврзан да информира правилно и непристрасно, не вклучувајќи елементи на коментар во неговото дело. Погоре наведениот пасус не може да се разбере дали е цитат или коментар. Поради ова, секогаш треба да се знае што е цитат, а што е парафразирање во текстот. Во двата подолни случаи, се обидува да се потврди тезата дека новите министри на ДУИ страдаат од тоа што го направиле старите кадри, но „доказите“ обезбедени во текстот не се релевантни, пред сè бидејќи немаме цитати или изјави поврзани со линкови.

„Држејќи монолог, жителот на Куманово Адем Адеми остро ги нападна нарекувајќи ги сироти, предавници на националните идеали, слуги на Груевски, неранимајковци и многу други навреди, што ги заслужуваат пензионираните министри на албанската партија на власт. Неодамна, и почитуваниот оџа Реџаил Азири ги посрамоти министрите на ДУИ. Потсетувајќи ги нив на улиците низ кумановските села кои се во катастрофална состојба, предизвика функционерите на ДУИ да се засрамат и да си заминат со наведнати глави“.

 

Eтички кодекс, точка 1/5: „Новинарот треба да ја обезбеди „втората страна“, односно да им даде можност на двете засегнати страни на новинарскиот производ да го изразат својот став. Ова уште повеќе доаѓа до израз кога новинарот покренува сомнежи или обвиненија или кога некој е предмет на напад или критика“.

Веста, всушност, би била за тоа што оставиле зад себе ексминистрите на ДУИ, од што сега страдаат новите министри. За ова е потребно едно постудиозно истражување, што би ги идентификувало сите работи оставени на пола од ексминистрите на ДУИ и нивните неуспеси и би требало да се бара став од новите министри, за тоа дали ќе ги подобрат недостатоците оставени од нивните политички претходници. Меѓутоа, напротив, начинот на кој (неидентификуваниот) автор ја кроел „веста“ е тенденциозен, незаснована на факти и со едностран пристап.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

Не се исклучува можноста

Не се исклучува можноста

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести