verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шпионот поранешен, вознемирувач сегашен

on 14 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

kurir

[Рецензија: Мејер: Ќе има менување на границите на Балканот]

Додека се пишуваат новинарските текстови, секогаш треба да се имаат на ум последиците што еден напис може да ги предизвика. Колку се поголеми потенцијланите последици од една медиумска содржина, толку поголема треба да биде одговорноста на новинарите.

Тоа особено се однесува на содржини, теми, што можат да предизвикаат вознемиреност. Таков е текстот што го рецензираме. Самиот негов наслов, „Ќе има менување на границите на Балканот“, веднаш укажува дека оваа тема бара посебен третман.

Ништо не треба да се подложи на цензура или автоцензура, но кога веќе до таа мера ни е дадена слободата, дотолку повеќе нам, новинарите, ни се наложува одговорноста.

06132016-Kurir-CIA-MayerЛинк до оригиналниот напис: Мејер: Ќе има менување на границите на Балканот

Датум и време на објавување: 12.06.2016, 11:10

Датум на рецензирање: 13.06.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

БЕЗ КРИТИЧКА ДИСТАНЦА

Во однос на конкретниот текст што го рецензираме, интервјуто на поранешен функционер на ЦИА, може да биде само појдовна точка за автентичен и одговорен новинарски текст. Кога се презема содржина од друг медиум, мора да се има многу внимателен пристап, бидејќи не секогаш може да се претпостават мотивите или намерата на медиумот или соговорникот за тој медиум.

Но, секако, тоа што се кажува може да послужи за добра новинарска сторија која ќе ги вкрсти изнесените податоци и мислења со други. Особено кога се вознемирувачки.

Недговорно е да не се направи таа дистанца и, едноставно само да се преземе толку чувствителна содржина. Секако, има кај нас експерти и инстанци кои можат да ја оценат, да ја контекстуализираат изјавата на поранешниот службеник на ЦИА.

Една таква новинарска постапка ќе ѝ дадеше на темата сеопфатност, втора страна, објективност. Сето она што оваа медиумска содржина го нема.

 

„ТЕЖИНАТА“ НА ИЗВОРОТ

Не е јасна ниту точната поранешна функција на личноста со која е направено интервјуто. Единствената функција за идентификацаија на Стивен Мејер во текстот е: „Поранешен заменик-шеф на ЦИА“. Прво што ќе ви падне напамет е дека станува збор за заменик-директор на американската агенција за разузнавање. Тоа му дава сериозна „тежина“ на изворот. Но, тоа не е неговата вистинската поранешна функција, зашто кога ќе го проверите овој податок, сфаќате дека заменик-директор на ЦИА со такво име и презиме никогаш немало во агенцијата.

Но, зошто некој од читателите би се занимавал со оваа работа: да ја проверува недовршената работа на новинарите, кога идентификацијата и атрибуцијата на изворите во новинарските текстови е меѓу првите и најважни правила во новинарството.

Нејсе, затоа сме тука ние од „Сервисот за проверка на фактите“, за да укажуваме на овие грешки, да поттикнеме во иднина да не се повторуваат, а на публиката да ѝ дадеме пример како треба да се читаат новинарските текстови. Со доволно количество сомнеж. Исто толкаво колкаво што искажал нашиот читател кој предложи да го рецензираме овој текст.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести