verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Од другата страна на црвената линија на пристрасноста

on 15 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

dnevnik

[Рецензија: ЕУ и САД тргнаа да го уриваат Вучиќ]

Во својата работа новинарите треба да се потпираат на две од најсуштествените постапки во нивната работа – верификација, односно проверка на информациите, и избалансираност, односно да се обезбеди сеопфатност на информацијата ако таа има повеќе засегнати страни. Концептот за објективност во новинарската професија не подразбира дека новинарите се лишени од предрасуди. Но, објективноста и избалансираноста се неопходни како методологија во нивната секојдневна практика за да не се доведе во прашање точноста на информацијата заради културните и личните предрасуди на новинарите.

Методологијата е објективна, а не новинарот.

Овој принцип е наведен во поглавјето „Принципи на новинарството“, во „Прирачникот за етика во новинарството“.

Оттаму, она што медиумската содржина што ја рецензираме ќе ја направеше поизбалансирана, посеопфатна и политички неутрална, ќе беше доколку таа имаше и извори и аналитичари кои ќе ја застапуваа и втората страна на настаните во Србија. Зашто никој не може да прифати дека такви сложени и чувствителни политички настани можат да се толкуваат само еднострано, само од позицијата на провладините медиумски и експертски поддржувачи.

06142016-Dnevnik-SrbijaЛинк до оригиналниот напис: ЕУ и САД тргнаа да го уриваат Вучиќ

Датум и време на објавување: 06.06.2016, 14:23

Датум на рецензирање: 08.06.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

САМО ЕДЕН АГОЛ

Кога станува збор за изворите, препораките се недвосмислен. Еве една која ни доаѓа од „Прирачникот за новинари“, како заедничко издание на „Цивил“ и на Здружението на новинарите на Македонија:

Мора да се биде критичен при изборот на изворот и да се провери дали се точни доставените информации. Добра практика е да се настојува при избор на изворите тие да бидат разновидни и релевантни.

Текстот пред нас нема разновидност на изворите и тоа го прави нерелевантен зашто не е сеопфатен.

Неизбалансираноста тргнува дури и од самиот наднаслов, во кој се вели:

„Во Србија врие, медиумите обвинуваат“

Како да се работи за сите медиуми, а всушност се цитираат само два провладини медиума.

Тоа на виделина ја исфрла и следната слабост на овој текст, а тоа е политичката пристрасност. Во споменатиот „Прирачник за етика во новинарството“, меѓу десетте принципи на доброто новинарство е и „Независност од оние за кои се известува“. Принципот застапува:

Независноста е суштински услов на новинарството, основа за новинарската веродостојност. Независноста на духот и на мислата, заедно со новинарската позиција на неутралност, се принципите во фокусот на новинарството.

Оттаму, кога ги застапуваат независноста и неутралноста, новинарите си обезбедуваат методологија која нема да им дозволи да ја преминат линијата што ќе ги одведе во пристрасност.

За жал, во случајот со оваа медиумска содржина направен е пропуст само затоа што не е употребена оваа многу корисна алатка.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести