verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога од мува се прави слон

on 9 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #229 - 'Haraçina i thotë STOP Fatmir Limanit (FOTO) – Tetova Sot' - www_tetovasot_com_2016_06_haracina-i-thote-stop-fatmir-lim

 

Напис: Арачиново му вели СТОП на Фатмир Лимани

„Патриотот“ кој се обидува да ги манипулира Албанците со поклонување пред паднатите борци, ставајќи цвеќе на гробиштата, а навечер усвојувајќи македонски проекти за да им го направи животот рај, ги иритирал жителите на Арачиново кои му забрануваат влез во оваа општина. Како што се гледа, овие Албанци од овој крај одлучиле да му забранат влез за да не плаче дење за паднатите борци, а ноќе да се привилегира од државата, молчејќи за „македонскиот рај“, пишува „Тетова сот“.

Низ целата општина Арачиново се гледаат залепени летоци „СТОП Фатмир Лимани“, со кои му порачуваат на „патриотот“ дека му се забранува да постави цвеќиња на гробиштата на паднатите борци.

Инаку, со негово одобрување во општина Аердодром ќе се изгради „Рајски парк“, парк чија изградба ќе чини 15 милиони евра. Овој парк ќе се гради во наредните две години, а ќе зафати површина од 10 хектари во близина на реката Вардар, булевардот Србија и булевардот Асном. Во овој парк ќе има разни животни, како мајмуни, елени, фазани.

Исто така, во овој парк ќе има и вештачко езеро со мнобројни мостови, а ќе има и ресторан во форма на брод. Авторот на овој проект е Жарко Чаушевски, кој е автор и на поголемиот дел на спомениците во рамки на моноетничкиот проект  „Скопје 2014“.

 

[Рецензија: „Арачиново му вика СТОП на Фатмир Лимани“]

Текстот е изграден само врз основа на коментари и не е искористен ниеден извор. Главните автори на настанот, како жителите на Арачиново и самиот Фатмир Лимани, не се контактирани за да се земе нивниот став. Фотографијата е сè што имаме.

Tetova sot - Haracina i thote STOP Fatmir LimanitЛинк до оригиналниот напис: „Арачиново му вика СТОП на Фатмир Лимани”

Датум и време на објавување: 01.06.2016

Датум на рецензирање: 06.06.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

За да направи вест, авторот тргнал само од една фотографија, но не успеал поради неколку причини. Прво, никој не се појавува во текстот за да го образложи значењето на оваа фотографија, и во недостиг од изворот, авторот сам ја врши неговата работа. Жителите на Арачиново се спомнуваат, но не е направена некоја анкета со нив, за сè да биде веродостојно.

Второ, текстот содржи многу коментари и проценки од самиот автор.

„’Патриотот’ кој се обидува да ги манипулира Албанците со поклонување пред паднатите борци, ставајќи цвеќе на гробиштата, а навечер усвојувајќи македонски проекти за да им го направи животот рај, ги иритирал жителите на Арачиново кои му забрануваат влез во оваа општина. Како што се гледа, овие Албанци од овој крај одлучиле да му забранат влез за да не плаче преку ден за паднатите борци, а ноќе да се привилегира од државата, молчејќи за ’македонскиот рај’…“

Според етичките начела, не е дозволивo авторот да прави лични коментари во текстот или барем не без да истакне многу јасно дека тоа е негово лично мислење и не се користи како докажан факт во текстот.

Ова го кажува многу јасно Прирачникот за етика на Здружението на новинари на Македонија:

  • Новинарите имаат право на свое мислење, став и проценка, но не смеат нивните мислења да ги камуфлираат како да се факти.                                                           
  • Треба јасно да биде поделено што се факти, а што информации и што се коментари, претпоставки или ставови на авторот, за да се избегне дезинформација и манипулација со јавноста.

Трето, во содржината немаме ниеден извор повеќе од една фотографија, чиј опис остава многу простор за сомнежи. Текстот вели „Низ целата општина Арачиново се гледаат залепени летоци „СТОП Фатмир Лимани…“, но авторот ни ја приложил истата слика фатена од различни агли, додека другите места каде што се тврди дека е залепен овој натпис (бидејќи ова на сликата не е леток) читателот не ги гледа никаде.

Последно, на читателот не му се понудило повеќе информации за врската на Фатмир Лимани со „рајскиот парк“, барем ставовите на некој познавач на околностите, за да се објасни зошто е ова штетно за Албанците (бидејќи како такво го „продал“ авторот).

Затоа, врз основа на материјалот што ни се сервира, текстот е едностран и тенденциозен, недостигаат изворите што биле неизбежни за изградба на веста, недостигаат детаљите и недостигаат факти.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

Делумно, се гледа само еден напис залепен на сообраќаен знак

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

1 извор

Ниедна

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести