verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Полувистините и етикетирањата не се дозволени во веста

on 8 - 06 - 2016       

FireShot Screen Capture #221 - 'Изјава на родителот нападнат од платениците на СД_' - kurir_mk_makedonija_vesti_izjava-na-roditelot-napadnat-od-platen

 

Текстовите во еден медиум не смеат да бидат полувистини, ниту полушпекулации. Тие треба да бидат проверени целосно и докрај да го расчистат настанот за кој се пишува. Сè друго остава сомнеж дека нешто друго се сака да се постигне со написот, а не информирање, како што е случајот со овој текст.

dete bolnoЛинк до оригиналниот напис: Изјава на родителот нападнат од платениците на СДСМ: Сакав само да го однесам детето на преглед на детска кардиологија

Датум и време на објавување: 01.06.2016/12:46

Датум на рецензирање: 07.06.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

Написот е тенденциозен и со невистини и навреди, и тоа се гледа уште од првиот пасус:

„Вандалите и хулиганите кои протестираат за потребите на СДСМ синоќа нападнаа родител кој само сакаше да го пренесе болното дете на лекар во закажаниот термин. Опозициските платеници почнаа да фрлаат со пластични шишиња кон автомобилот, сакајќи да се пресметаат со таткото и жената со болното дете кои се наоѓаа во автомобилот.“

Не е вистина дека демонстрантите (кои во текстот се нарекуваат хулигани и вандали), протестираат за потребите на СДСМ. Постојано оваа нишка, односно невистина, провејува во текстовите на провладините медиуми кои пишуваат негативно за „Шарената револуција“. Никогаш не е објавено прецизно кој е организатор на протестите, па ако се сакало текстот да биде вистинит во овој дел, требало да се напомене дека организатор е неформалното здружението „Протестирам“, а СДСМ само ги поддржува протестите.

Втората невистина е дека нападнале родител. На видеозаписите од овој настан, кој во текстот веќе го нема, се гледа дека има некакво кошкање, но никаде не се гледа напад. Имаше и граѓани кои спречуваа инцидентот да излезе од контрола и на крајот успеаја во тоа. А тоа што никаде во написот го нема, а што е вистина, е дека автомобилот влета во толпата што се движеше кон објектот на Владата на Република Македонија.

„Не сум ниту некој од ГДОМ, ниту пак уфрлен провокатор, туку само родител кој што брзаше на закажаниот преглед за моето дете. Се работи за преглед од доктор специјалист за детска кардиологија кој што доаѓа од Лондон, и морав да бидам на клиника точно во 18.30, вели родителот“.

Во изјавата од родителот нема кој е тој, ниту негови иницијали, што остава сомнеж дека се работи за вистинскиот лик. Што се однесува до времето кое им било закажано на детска кардиологија (најверојатно се мисли на Клиниката за детски болести, оддел кардиологија и ревматологија), не се совпаѓа со времето кога се случи настанот. Имено, протестите почнуваат во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Околу 19 часот, речиси секој ден, тие ја почнуваа својата маршрута. Тој ден преку улицата Аминта Трети (поранешна Ленинова), тргнаа кон Владата на Република Македонија. Во минути, тоа е околу 15, па на местото на настанот тие беа во 19 часот и 15 минути, што е 45 минути подоцна од закажаниот термин за кој се зборува во текстот преку изјава на неименуваниот соговорник. Во просек, за да стигне до Клиника на детски болести оттаму, на секој возач би му биле потребни 5-10 минути, без да го пресметуваме времето за паркирање. Како и да е, времињата во изјавата и тоа кога се случил инцидентот не се совпаѓаат. Тоа, пак, отвора сомнеж дека соговорникот ја говори вистината.

Што се однесува до тоа дека имало странски доктори, (во текстот се зборува за експерти од Лондон), за целите на текстот тоа морало да се провери за тој да добие содржајност и објективност.

Поради тоа што во написот не е направено тоа, ние разговаравме со дежурната медицинска сестра на Клиниката за детски болести, отсек кардиологија и ревматологија. Таа ни рече дека е точно дека има лекари од странство, но тие се од Соединетите Американски Држави. Како што нè информираше, за да се закаже преглед се потребни најмалку три месеци според бирократските процедури кои се потребни.

Овие моменти не се запазени во текстот, што го прави несодржаен и необјективен докрај. Сепак, за да можат читателите да им веруваат на информациите во  текстот, мора да ги има и овие елементи. Вака пласирани, со неточни податоци, остава голем сомнеж дека станува збор за објективна и вистинита информација, чии последици се негативни и оцрнувачки за една страна во даден настан, за „Шарената револуција“.

Од никој од учесниците на настанот или организаторите, во текстот нема изјава, така што не е докрај испочитувано и основното новинарско правило за „втора страна“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести