verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Живописен информативен текст за македонската митра

on 8 - 06 - 2016       

Dnevnik - Mitrata

 

[Рецензија: Македонска митра од Рајчица стана тијара на папата Франциско]

Информативен и интересен текст кој нуди несекојдневни информации поврзани со македонската митра, која ја изработуваат монахињите во манастирот „Рајчица“. Материјалот што е предмет на рецензија ги информира читателите дека една од овие, своевидни уметнички дела, му е подарена на папата Франциск и „веќе е заведена како негова тијара во согласност со ватиканската традиција секој папа да има своја митра“. Овде, освен што се прикажува до каде може да стигнат македонските митри, читателите се едуцираат и за тоа дека станува збор за одреден вид традиција на Ватикан.

 

MitraЛинк до оригиналниот наслов: Македонска митра од Рајчица стана тијара на папата Франциско

Датум и време на објавување: 19.05.2016, 18:04

Датум на рецензија: 08.06.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

ИНФОРМАТИВНОСТ

Преку еден убав наративен стил на пишување, се дава информација од што е направена митрата што му е подарена на папата. Она што е забелешка за текстот, односно што недостига во него, е посебна и поголема фотографија со крупен приказ на митрата, за да се долови она за што се пишува. Она што го има вметнато во главната фотографија е некако премало. Како додадена вредност се информациите за тоа од кога датира подарувањето на митрите на католичките поглавари, што остава впечаток на разбирање на проблематиката која се третира.

„Преубавата македонска митра направена од охридски бисери од страна на монахињите во манастирот Рајчица, Дебарско, што неодамна му е подарена на папата Франциско, веќе е заведена како негова тијара во согласност со ватиканската традиција секој папа да има своја митра. Ова е 25. по ред папска тијара подарена некому од католичките поглавари од страна на различни дарители“.

Текстот информира дека ова е првата митра што папата Франциск ја добил по седнувањето на тронот, а се пишува и за поводот за подарувањето. Иако станува збор за нешто сосема различно од тијара, овој подарок од македонските монахињи италијанските медиуми  го оквалификувале токму така – како „тијара на папата Франциск“. Текстот понатаму информира за значењето на митрата во христијанската религија, но и дека истата го носи „белегот на нашата специфична култура и уметничка традиција.

„Подарокот што по повод чествувањето на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј му го врачил претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски, во италијанските медиуми вече е означен како тијарата на папата Франциско. Митрата, познато е, е симбол на трновиот венец што го носел Исус Христос на патот до распнувањето и своевиден потсетник на одговорноста што претстојателот ја носи пред Бога како поглавар на својот народ“.

ЕДУКАЦИЈА

Понатаму во материјалот што е предмет на рецензија се пренесува и изјава од монахињите што ја изработиле митрата, при што е користен релевантен извор на информации и ја задоволува и сеопфатноста во содржината. Текстот информира и за тоа колкав број митри изработиле монахињите и кои христијански поглавари ги носат.

„Во нејзината изработка е употребен прочуениот охридски бисер, традиционално произведен во семејството Талеви, велат сестрите од манастирот Рајчица. Овие монахињи досега изработиле приближно 700 митри за христијанските поглавари, а меѓу тие што ги носат се и вселенскиот патријарх Вартоломеј, рускиот Кирил и ерусалимскиот Теофил“.

Покрај тоа што читателот добива основни информации за изработката на митрата од страна на вештите раце на монахињите од манастирот „Рајчица“, во текстот се изнесени и многу историски податоци и информации поврзани како за дарителите на митрите, така и за католичките поглавари кои истите ги примиле. Текстот остава впечаток на добро владеење со проблематиката.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести