verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Напис што ниту Коце не може да го „измие“

on 8 - 06 - 2016       

Vecer - Koce so shmrk

[Рецензија: Браво Коце – не можете вие да уништувате колку што ние создаваме]

Додворувачко четиво. Наменски текст што треба да ги воспева „квалитетите“ на првиот човек на Град Скопје, кој, надвор од надлежностите, а и од протоколот, изигрува „комуналец“ пред објективите на медиумите. Овој напис е една најобична реклама за градоначалникот и сериозна антиреклама за демонстрантите.


1111Линк до оригиналниот напис: Браво Коце – не можете вие да уништувате колку што ние создаваме

Датум и време на објавување: 06.06.2016  23:55

Датум на рецензирање: 07.06.2016

Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

ПЛОШТАДОТ ЌЕ СЕ ИСЧИСТЕШЕ И БЕЗ КОЦЕ „КОМУНАЛЕЦ“

Ова е материјал „творен“ во доцните вечерни часови, веднаш по промо-позирањето на Коце Трајановски, кој, ете, на надлежните комунални служби им покажува како се мие „демонстрантска боја“ од плочникот на скопскиот плоштад. Навистина, настанот е смешен – демек, луѓето платени за одржување на чистотата не умеат, не знаат, како да ја исчистат бојата, па мора да помогне човек кој има сосема друга функција – да менаџира со Градот и со неговите потреби.

Значи, ако градоначалникот се занимава со нешто што не е во опис „и попис“ на неговото работно место, тоа не го прави подобар градоначалник! Сигурно и без тоа има работа преку глава со неговите предвидени обврски. Искрено, излегувањето на терен како некој си специјалец е само смешен маркетиншки трик и промоција на Трајановски, нешто што е својствено за балканските политичари. Сепак, ситуацијата заслужува да се обележи, ама повеќе на сатиричен отколку на воздигнувачки начин, зашто е јасен и очигледен рекламен штоф. „Браво Коце“ дури може да помине и како изборна парола на наредните локални избори, во 2017 година.

Но, ајде што му се аплаудира на Коцета, туку истовремено и се плука, ама од дното на душата, по другата страна. Пристапот е строго личен, написот малку застранил во првото лице множина, па гледаме апсолутно поистоветување со владејачката партија:

„Браво Коце – не можете вие да уништувате колку што ние создаваме“.

Кој е тоа „ние“, останува нејасно.

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти, вели член 14 од Кодексот на новинари.

Трите пасуса текст се строго коментари, фалбаџиски за градскиот татко, ултранегативни за демонстрантите и за нивните методи на изразување незадоволство од владеењето на актуелната постава.

„По дивеењето на соросоидните ботови организирани од Заев, платени од парите на Сорос и УСАИД, градоначалникот на Градот Скопје вечерва е на терен и со црево и вода ја чисти бојата која ја истурија „умерените” терористи врз новиот плоштад „Македонија”, на тој начин вулгаризирајќи и злоупотребувајќи ја смртта на едно младо момче чиј убиец е позади решетки, за политички цели.

Градоначалникот на град Скопје во моментов е излезен на плоштадот „Македонија” заедно со дежурните екипи на „Комуналец” и со вода ја чисти бојата која врз новиот, преубав плоштад ја иструрија „умерените” терористи на Заев и соросоидно/УСАИД-ската здружина, злоупотребувајќи ја на тој начин смртта на младо момче чиј убиец е позади решетки, во политички цели.“

 

Кодексот на новинари е јасен во поглед на ваквата злоупотреба.

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот – член 13 од Кодексот на новинари.

„Соросоидни ботови, платеници, СОРОС, УСАИД, терористи“… Формулации за маалски муабет со евентуален конспиративен шмек, ама секако несоодветни за текст што треба да биде коректен медиумски производ. Еден куп обвинувања, ама слабо аргументи и докази. Секако, секој има право да се согласува или не, да ја одобрува или не активноста на „Шарената револуција“, ама не вака, преку медиумско распнување на некакви „ботови, терористи и платеници“.

Таквата ситуација со овој напис ниту „Коце не ја мие“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести