verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога медиумот крши ’рбет

on 8 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

republika zaev

[Рецензија: Заев повторно ја витка „кичмата“: Македонија ја провоцира Грција, мора да направиме отстапки]

Колку пати може да се скрши еден ’рбет. Со помош на пропагандата и со едностраното, пристрасно новинарство – илјадници пати. Колку пати сакаш!

Пред нас е медиумска содржина која е изведена од интервју на лидерот на опозицијата во Македонија за една странска агенција.

Освен што нема линк до интервјуто за да се види дека е реално и за да се добие можност читателите да добијат увид во сите аспекти опфатени во ова интервју, текстот што го рецензираме вади само една поента од тој разговор и го става во рамка со предумисла да ги прикаже како проблематични поентите на интервјуираниот.

Како дојдовме до тој заклучок? Многу едноставно. На публиката не ѝ  е даден друг избор. Сервирано ви е готово јадење. Прво се одбрани состојките, додадени се зачините, спакувано е и не ви останува ништо друго, освен да го – голтнете. Ако сакате!

На читателите не им се понудени одделни состојки од кои тој самиот ќе ја состави содржината.

06082016-Republika-KicmaЛинк до оригиналниот напис: Заев повторно ја витка „кичмата“: Македонија ја провоцира Грција, мора да направиме отстапки

Датум и време на објавување: 06.06.2016, 14:23

Датум на рецензирање: 08.06.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

БАЈАТ ЗАЧИН

Главниот зачин е доста бајат. Се вади веќе застоената изјава за „виткањето на ’рбетот“,  како израз за компромис во однос на името. Навистина несреќна политичка изјава, но веќе е мемлива. А кога мемливи состојки додавате во новинарски продукт, ви се заканува блуткава чорба.

Ако се навратиме на „свежото“, актуелно интервју од кое се прави медиумска содржина, всушност и немате ништо проблематично. Еве ја поентата за спорот за името со Грција:

„Првиот чекор е да престанат провокациите, да се пружи рака на пријателство и да почнат интензивни разговори. Грција може уште 200 години да опстане со ваков проблем. Ние сакаме да бидеме членки на ЕУ и на НАТО. Без решение на овој проблем не можеме да влеземе ниту во ЕУ ниту во НАТО – вели Заев за „Бета“, пренесува „Вечерње новости“.“

Но, за махерите на пропагандата, оваа изјава мора да се „забибери“. Затоа, како што веќе рековме, се вади од кородираната конзерва изјавата за „виткањето на ’рбетот“ и – вуала – нова пропагандна манџа!

За среќа, рокот на овие манџи е одамна поминат и лесно се препознаваат. По мирисот. Надалеку!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

Делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести