verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Полуинформација – услов за паника

on 8 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #228 - 'Пулс 24 - ОПАСНА БОЛЕСТ СЕ ШИРИ ВО СРБИЈА_ И во Македонија може да се појави!' - puls24_mk_svet_region_opasna-bolest-s

 

Текстот кој е сензационалистички напишан,  е можен извор за паника кај дел од јавноста. Проблематиката на болеста воопшто не е начната ниту, пак, се дадени мислења од епидемиолози или од надлежните институции за справување со заразни болести.

Пулс 24 ОПАСНА БОЛЕСТ СЕ ШИРИ ВО СРБИЈА И во Македонија може да се појавиЛинк до оригиналниот напис: ОПАСНА БОЛЕСТ СЕ ШИРИ ВО СРБИЈА: И во Македонија може да се појави!

Датум на рецензирање: 07.06.2016

Рецензент: Димитар Тануров

„Кожна заразна болест наречена Лајшманиоза, Cutaneous leishmaniasis, која се шири во Сирија и Блискиот Исток, му зе заканува на регионот“.

Насловот на текстот наведува дека болеста е веќе проширена во соседна Србија, но во главата на веста овој податок не е пренесен, туку се наведува Сирија како место каде е распространета болеста.

Информацијата, како што и се наведува во написот, е пренесена од српскиот портал „Телеграф“, но не целосно. Во самиот напис се наведува како болеста се пренесува и кои се симптомите, но не се открива како да се превенира ниту, пак, дали се лекува и како.

Во пренесената информација стои дека болеста ѝ се заканува и на Македонија, но во изворниот текст стои дека таа е веќе регистрирана во Македонија! Освен изјавата на српскиот епидемиолог, нема други изјави. Не се консултирани македонските епидемиолози ниту, пак, е побарано од Републичкиот завод за здравствена заштита на Македонија, информација дали болеста навистина е регистрирана во земјата, колку случаи досега има и какви се резултатите од лекувањето.

Пренесувањато полуинформација, особено ваква за заразни болести, може да создаде паника кај јавноста, особено ако се искомбинира со сензационалистички наслов, како што е во случајот.

Ваквиот начин на информирање е спротивен на тоа што го налага Кодексот на новинари, односно правилото информациите да се проверат пред да се објават, да не се прикриваат суштински податоци и да не се  користи сензационализам во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести и судски постапки.

Со Кодексот, истовремено, е забрането бројот на кликнувања на порталот да биде предмет на трговија со професионализмот и со правото на јавноста да биде информирана – објективно.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност, друга пристрасност,

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

Не може да се утврди без дополнителна проверка

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести