verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не само да се објави, информацијата треба и да се провери

on 8 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

dokaz

[Рецензија: Илија Димовски исшамаран во Велес, полицајците си гледале СЕИР]

 

Материјалот што е предмет на оваа рецензија е едностран, се базира на рекла-кажала разговори, а добиените информации не се убаво проверени. Тоа го прави написот неверодостоен.

Доказ.Мк Илија Димовски исшамаран во Велес полицајците си гледале СЕИРЛинкуван наслов на анализираниот напис: Илија Димовски исшамаран во Велес, полицајците си гледале СЕИР

Датум и време на објавување: 06.06.2016

Датум на рецензирање: 08.06.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ЧАРШИСКИ МУАБЕТ

Овој новинарски производ, ако може така да  се нарече, бидејќи ги нема основните елементи на еден професионален новинарски текст, повеќе наликува на чаршиски муабет. Имено, во текстот очигледно се сака да се оцрни името на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

„Ексклузивно дознаваме дека пратеникот од ВМРО ДПМНЕ и координатор на пратеничката група Илија Димовски бил добро зашлакан во кафеана во Велес изел повеќе шлаканици од негов партиски колега, припадници на полицијата иако биле во близина не смееле и не реагирале, па така баце Илија си го изел немиен или миен не знаеме со чисти ли раце добил следовање, ама ќе дознаеме оти Доказ прв дознава! Ах, да добил и затилник онака берберски само доста посилно…“

Освен наводната ексклузивна вест и коментари со непристоен речник, во овој напис нема ништо друго. Нема конкретни информации, во која кафеана во Велес се случил инцидентот, нема информација ниту кој бил сопартиецот на Димовски. Нема ништо. Не е побаран став од засегнатата страна, во случајов пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сето ова, односно, многуте дилеми што произлегуваат од текстот, го прави истиот неверодостоен.

Задача на новинарот е кога ќе дојде до една информација, истата да ја провери од колку што е можно повеќе извори. Всушност, тоа го пропишува и Кодексот за новинари во првиот член:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Вака пренесен, написот изгледа како да има една цел, а тоа е напад и оцрнување на пратеникот Илија Димовски.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести