verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Личниот живот треба да се почитува, злоупотребите да се докажуваат

on 6 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #217 - 'Funksionari nga Haraçina i ka kredi shtetit 10 mijë euro, ndërsa vozitë BMW X5_' - www_zhurnal_mk_content__id=16531111

 

Напис: Функционерот од Арачиново и должи на државата 10 илјади евра, а вози BMW X5?

Заменик-претседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца од скопско Арачиново, излегува дека е најсиромашниот функционер во Македонија. Вака сведочи официјалниот анкетен лист на Државната комисија за спречување на корупцијата во Македонија.

Според овој лист, заменик-претседателот на ДИК, Прекопуца, поседува една штедна книшка од 300 евра во Комерцијална банка, а зел кредит во 2015 година во износ од 10 илјади евра за да го отплати во следните осум години.

Во меѓувреме, во агенцијата за вести „Журнал“, пристигна е-маил од еден граѓанин на Скопје кој ни дава до знаење дека заменик-претседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, поседува еден огромен џип од марката „бе-ем-ве“ кој чини десетици илјади евра. Но, од друга страна, во анкетниот лист Прекопуца пријавил дека поседува еден стар „мерцедес“ од 2003 година, што чини околу 4.200 евра.

Агенцијата за вести „Журнал“ ќе побара објаснување од Основното обвинителство во Скопје, Антикорупциската комисија и од МВР, за тоа што предвидува законот за еден функционер кој не го пријавува точно личниот имот во Државната комисија за спречување на корупцијата.

 

[Рецензија: „Функционерот од Арачиново и должи на државата 10 илјади евра, а вози BMW X5?”]

Личниот живот на еден функционер претставува јавен интерес само доколку станува збор за злоупотреба на положбата за лични придобивки. Во конкретниот случај, ова последново не е утврдено, дури и аргументите што се презентираат не држат вода.

Zhurnal - Funksionari nga Haracina i ka kredi shtetit 10 mije euro ndersa vozit BMW 1Линк до оригиналниот напис: Функционерот од Арачиново и должи на државата 10 илјади евра, а вози BMW X5?

Датум и време на објавување: 31.05.2016, 11:15

Датум на рецензирање: 01.06.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Трошоците на одредени функционери што имаат врска со нивниот приватен живот не треба да се во фокусот на медиумите освен ако новинарот има сомнежи за можни злоупотреби на неговата позиција. Изгледа, во овој случај, авторот тргнал од одредени сомнежи, но резултатите не покажуваат дека имаме професионално известување до крај.

Во фокусот на содржината е заменик-претседателот на Државната изборна комисија, кој според Државната комисија за спречување на корупцијата (како што се вели во текстот), пријавил штедна сума од 300 евра, банкарски кредит од 10.000 евра и еден автомобил од марката „мерцедес“ во вредност од 4.200 евра. Како почетна точка на сомнежот во содржината, е ова:

„Во меѓувреме, во агенцијата за вести „Журнал“ пристигна е-маил од еден граѓанин на Скопје кој ни дава до знаење дека заменик-претседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, поседува еден огромен џип од марката „бе-ем-ве“ кој чини десетици илјади евра. Но, од друга страна, во анкетниот лист Прекопуца пријавил дека поседува еден стар „мерцедес“ од 2003 година што чини околу 4.200 евра“.

Не е направен ниту еден чекор повеќе за да се истражат овие сомнежи. Веста станува вистинскa вест кога таквите обвиненија ќе се потврдат. Меѓутоа, наместо да обезбеди некој друг извор за ова, авторот само ги наброил институциите од кои ќе побара објаснување, иако ова требало да се направи пред да се објави информацијата.

Агенцијата за вести „Журнал“ ќе побара објаснување од Основното обвинителство во Скопје, Антикорупциската комисија и од МВР, за тоа што предвидува законот за еден функционер кој не го пријавува точно личниот имот во Државната комисија за спречување на корупцијата.

Законите може лесно да се најдат и во електронска форма, затоа проблемот не е адресиран како што треба. Никаде во текстот не е споменат самиот Прекопуца, како можен извор, иако тој е главниот лик во оваа „вест“.

  • Докажувањето и точноста на податоците се морален императив на новинарството, затоа новинарот е обврзан да ја докаже информацијата од што повеќе извори, најмалку од два независни извори.

  • Потребата за брзина не смее да ја ризикува точноста, кредибилноста и професионалноста на трудот.  – пишува во Прирачникот за етика во новинарството.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни,

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести