Тенденциозно и еднострано погрешно толкување
Објавено во Рецензии
on 7 - 06 - 2016 Автор: Adrian Kerimi
Напис – Скандал: Во ТУ испитите се полагаат преку телефон, потврдува проректорот
Уште еден скандал ја тресе Македонија. Овојпат универзитетскиот професор, Арбер Челику потврдува дека на Тетовскиот универзитет се ургира по телефон за да добијат студентите преодна оценка, пишува „Журнал“.
Професорот Челику во една објава на „Фејсбук“ пишува дека примил повик од еден стар пријател, кој според него го немало цели 10 години, додека сега, ургирањето за еден испит кај него било причина за да се поврати старото пријателство.
Инаку, проректорот д-р Арбер Челику е една од најеминентните фигури од овој Универзитет.
Во продолжение можете да го прочитате постираниот текст:
Денес сум многу среќен по телефонскиот повик од еден мој пријател, кој го немаше цели 10 години, бидејќи го фатиле на тесно за еден испит кај мене! Голема благодарност до тие што ургираат на овој начин, бидејќи ми ги враќаат „изгубените“ пријатели.
[Рецензија – Скандал: Во ТУ испитите се полагаат преку телефон, потврдува проректорот]
Погрешно толкување може да направи читателот или јавноста воопшто, во зависност од тоа како ја перцепира веста. Меѓутоа, кога новинарот толкува погрешно една изјава или став, тогаш станува збор за кршење на едно од суштинските начела на новинарството, објективноста. Не треба да се заборави дека новинарот сноси одговорност за јавно кажаниот збор и никогаш не смее да информира на тенденциозен начин. Текстот што го рецензираме, повеќе личи на став од некоја страна, отколку на новинарски напис. Факт што го докажува тенденциозниот пристап е самиот наслов.
„Уште еден скандал ја тресе Македонија. Овојпат универзитетскиот професор Арбер Челику потврдува дека во Тетовскиот универзитет се ургира по телефон за да добијат студентите преодна оценка…“
Личноста спомната во текстот е лошо толкувана поради фактот дека преку неговиот статус на „Фејсбук“, се иронизира пријателство од интерес. Ова не претставува ни основа за да биде извор на вест, меѓутоа за редакцијата било можност да се стават на услуга на комерцијалното (зголемување на број на кликнувања – н.з.).
Линк до оригиналниот напис: „Скандал: Во ТУ испитите се полагаат преку телефон, потврдува Проректорот”
Датум и време на објавување: 01.06.2016
Датум на рецензирање: 01.06.2016
Рецензент: Адриан Керими
Дозата на тенденциозниот пристап не секнува тука. Преку таа доза, содржината предизвикува преку еден човек да се извалка една цела институција. Доколку „држат вода“ сомнежите на авторот и на редакцијата дека во ДУТ се земаат оценки преку телефон, ова би требало да се истражи повеќе и од споменатиот професор да се побара став или објаснување, дали навистина е дадена побараната услуга, бидејќи во конкретниот случај имаме работа само со еден човек, кадар на ДУТ.
„Професорот Челику во една објава на „Фејсбук“ пишува дека примил повик од еден стар пријател, кој според него го немало цели 10 години, додека сега ургирањето за еден испит кај него било причина за да се поврати старото пријателство.
Инаку, проректорот д-р Арбер Челику е една од најеминентните фигури од овој Универзитет“.
Недостигот од објективност кај новинарот е најсилниот доказ на непрофесионалноста. За ваков „скандал“, авторот е обврзан да побара став од институцијата (која реагираше по овој напис на конкретната агенција), а не да забрза со објавување, без да се аргументира во никаква форма тоа што се кажува во текстот. За да се направи вест по стандарди, дел од овој напис би требало да биде и ставот на другата страна, односно другите страни. За „друг скандал“ како овој, неизбежен е и ставот на ректоратот. За една неаргументирана информација како оваа, неизбежен е и ставот на засегнатите страни во оваа работа, професорите и студентите. Без нивно вклучување во текстот, написот може да се нарече сè, освен новинарски напис. Дека текстот е направен со цел и со заднина што не цели кон информирање, докажува и грешката што нема барем една точка (.) на крајот на последната реченица. Ова, намерно или не, ја симболизира целта и непрофесионалниот пристап што се применети во обработката на оваа содржина.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
1 извор
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
Не
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови