verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Демонизација и одмазда

on 3 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

vecher

 

[Рецензија: Шарените почнаа да работат и против себе!]

 

Широк  е спектарот на манипулациите на пропагандата. Најстрашно е кога во нив учествуваат и медиумите

Една од основните особини на новинарските содржини е да имаат во себе некоја новина. Кога веќе се објавуваат, да понудат нешто што било различно од вчера.

Што донесува ново оваа медиумска содржина? Ништо. Најважните поенти во текстот се дека протестите на улиците во Скопје и во другите градови, се во организација на СДСМ и на „СОРОС“. Ова „СОРОС“ е интересно зашто секогаш се пишува со големи букви, а воопшто не е акроним, кратенка од нешто, и никогаш не е објаснето што значи тоа „СОРОС“.

Официјалниот организатор, граѓанската иницијатива „Протестирам”, е само параван, додека вистинскиот организатор е СДСМ.

06032016-Vecer-SareniteЛинк до оригиналниот напис: Шарените почнаа да работат и против себе!

Датум и време на објавување: 01.06.2016, 16:45

Датум на рецензирање: 03.06.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

НЕ Е ВЕСТ, НИТУ ИЗВЕШТАЈ

Оттаму, кога нема новина, станува проблематично да се одреди за што, всушност, станува збор? На кој вид новинарска содржина му припаѓа овој текст? Не е вест, ниту извештај, зашто нема новина.

Ајде, да прифатиме дека е анализа. Би сакале да прифатиме, но дури и анализата има правила. Прво: автор! Овој текст не е потпишан, а анализата мора да ја потпише автор, по правило поискусен новинар кој се препознава по таква новинарска активност.

Второ: Нема дополнителни извори, и од едната и од другата страна. Искусен новинар може да пишува анализа и да ја стави својата експертиза како влог во неа, но, освен што оваа содржина не е потпишана, таа нема ниту неопходна дистанца која на анализата им ја даваат дополнителните извори, експерти.

Тоа ја прави оваа медиумска содржина неверодостојна, несеопфатна и, според тоа, еднострана, пристрасна.

 

ПРОПАГАНДА

Освен што е пристрасна, таа користи еден од механизмите на пропагандата – повторувањето на едни исти информации кои веќе ги констатиравме.

Тоа ја прави оваа медиумска содржина неновинарска. Таа е на другата страна на новинарството. Другата страна се вика – пропаганда.

Ние сме одамна сведоци на „војна“ со помош на медиуми. Секојдневно ги гледаме и сведочиме во, сега веќе бескрупулозните медиумски битки, сите оружја во таа војна: демонизацијата, одмаздата, пренасочувањето на вниманието, лаги, лажни обвинувања и инсинуации.

Сето тоа го има во овој текст.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести