verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нецитирана копија на агенциска вест

on 2 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #210 - 'Vazhdon gjykimi i të akuzuarve për “Lagjen e Trimave” I TV21 I Maqedoni' - tv21_tv_web__p=792

 

Напис: Продолжува судењето на обвинетите за „Диво Насеље“

Поради недостиг од просторни и безбедносни услови за одржување на судењето во Основниот суд Скопје 1, судската постапка против обвинетите за случајот „Диво Насеље“ се очекува да продолжи денеска во големата сала на Врховниот суд.

Од Основниот суд Скопје 1 претходно ја побараа големата сала на Врховниот суд, но барањето беше одбиено со образложение дека таа просторија е од свечен карактер и не е опремена да функционира за судско рочиште.

За настаните од Диво Насеље се обвинети 29 лица, а како членови на логистиката – осум лица.

На 9 и на 10 мај 2015 година во Диво Насеље, Кумановско, вооружена група се судри безбедносните сили. При пукањето животот го загубија осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека околу четиринаесет беа тешко ранети. Беа убиени и десет припадници на вооружената група.

 

[Рецензија: Продолжува судењето на обвинетите за „Диво Насеље”]

Веста што ја рецензираме е делумна копија на вест од Македонската информативна агенција. Текстот на почетокот има малку разлики, а другиот дел и особено заднината е целосна копија. Меѓутоа, независно од овие мали разлики, авторот кој неименуван стои зад оваа вест, не се повикал на извори, што во целост ја става содржината надвор од професионалните стандарди. Со недостиг на евидентирани извори во текстот е прекршено едно од основните правила на професионалното новинарство, а тоа е цитирање на изворот и релевантната маса информации во текстот.

Поради недостиг на просторни и на безбедносни услови за одржување на судењето во Основниот суд Скопје 1, судската постапка против обвинетите за случајот „Диво Насеље“ се очекува да продолжи денеска во големата сала на Врховниот суд. Од Основниот суд Скопје 1 претходно ја побараа големата сала на Врховниот суд, но барањето беше одбиено со образложение дека таа просторија е од свечен карактер и не е опремена да функционира за судско рочиште. 

Vazhdon gjykimi i të akuzuarve për screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Продолжува судењето на обвинетите за „Диво Насеље”

Датум и време на објавување: 27.05.2016

Датум на рецензирање: 27.05.2016

Рецензент: Адриан Керими

Во овој текст никаде не се наведува за тоа кој информирал дека рочиштето се очекува да продолжи на денот кога е објавен написот. Во веста не учествува ни одбраната, од која може да излезе оваа информација, но ни ставот на судот, кој е тој што го одредува следното рочиште.

Етички кодекс, точка 3: „Новинарот ќе се обиде да обезбеди право на корекција, демант и одговор, во тие случаи кога се утврдува неточност на информацијата“.

„За настаните од Диво Насеље се обвинети 29 лица, а како членови на логистиката – осум лица.

На 9 и на 10 мај 2015 година во Диво Насеље, Кумановско, вооружена група се судри со безбедносните сили. При пукањето животот го загубија осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека околу четиринаесет беа тешко ранети. Беа убиени и десет припадници на вооружената група.

За сите овие пропусти и скршнувања од новинарските начела, нема кој да сноси одговорност, бидејќи во текстот не фигурира името на авторот, дури ни со иницијали.

Етички кодекс, точка 1: „Доколку информацијата не може да се утврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, ова треба да се истакне и да се објави“.

Друг очигледен пропуст е фактот дека текстот е објавен во 10.23 часот, а се знае дека рочиштето што беше закажано за 27 мај, пред неколку денови се одложи и беше закажано за 10 часот. Ова докажува дека авторот не бил во местото на настанот, не се обидел да ја потврди информацијата и, освен тоа, дава дополнителен аргумент на тоа што го рековме погоре, дека веста е делумна копија на содржината од една агенција (МИА), но ни ова не е нагласено во самата содржина.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

точни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

нема извртување на вистина (спин)

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

несензационален

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести