verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Цело е кога има сѐ

on 2 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

Celo e koga ima se - crop

[Рецензија: Иванов – државник со бројни меѓународни признанија и награди]

Кога еден текст има намера библиографски да анализира некого – во овој случај претседателот на државата – тоа мора да биде направено коректно и целосно. Не смее написот да оддава чувство дека не е сработен како што треба или дека има тенденција нешто да прикрие. А кога ќе се прочита овој текст, се создава силен впечаток на нецелосност, имајќи ги предвид, на пример, гафовите на првиот човек на државата, Ѓорге Иванов, кои изминативе денови ја анимираа јавноста, а во овој текст не нашле место. Но, отсуствуваат и други факти.

 

ivanovЛинк до оригиналниот напис: Иванов – државник со бројни меѓународни признанија и награди

Датум и време на објавување: 31.05.2016, 13:18

Датум и време на рецензирање: 02.06.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

Да, сите тие награди библиографски споменати во написот, претседателот  Иванов ги добил, секако, според неговите заслуги во науката. Тоа воопшто не е спорно, ниту е цел на денешнава рецензија. Она што текстот го прави несодржаен, а следствено на тоа и необјективен, е неискреноста во пренесувањето на фактите за претседателот.

Исто така, кога за некого се пишува нешто, особено за неговите успеси, мора да постои добра причина, а во случајот изгледа дека идејата била само да се „пере“ Иванов од бранот критики.

„Наспроти срамните обвинувања кои опозицијата и СОРОС секојдневно ги упатуваат на сметка на претседателот Иванов, фактите го говорат токму спротивното“.

Сепак, за да биде коректен написот докрај, мора да се каже зошто овие „соросоиди“ го напаѓаат претседателот. Вака има последица, ама никаде ја нема причината зошто морало да се објави текст што ќе ги величи неоспорените признанија на Иванов.

Написот мора да биде искрен кон читателот и да каже дека како претседател на државата, Иванов и не се прославил многу. Најмногу поради последните случувања, кои во еден голем дел се предизвикани и од неговите неумесни потези.

 

ОТСУСТВУВААТ АБОЛИЦИЈАТА И ПИШМАНЕЊЕТО

Таков момент, на пример, е одлуката за аболиција на 56 лица, со оправдување дека со тоа ќе помогне во надминување на политичката криза. Но, наместо решение, Иванов предизвика бурни реакции и во домашната јавност, а и кај меѓународниот фактор. Оваа одлука ја осудија десетиците странци кои поминаа низ Македонија, а поради тоа сѐ уште, веќе два месеци, траат протестите на „Шарената револуција“, со кои се бара целосно повлекување на одлуката за аболиција и оставка на Иванов. Тој по силните притисоци ја повлече одлуката за 22 лица, кои се политички експонирани, но тоа не ги намали очекувањата и од странската и од домашната јавност да ја повлече целосно својата првична одлука.

Како и да е, еден содржаен и целосно професионален текст би ги имал и овие приказни во него. Затоа што, како што вели и еден рекламен слоган, „Цело е кога има сè“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести