Веста не се заменува со пропаганда за ќеф на министерот
Објавено во Рецензии
on 3 - 06 - 2016 Автор: Xhenis SulimaniНапис: Министерот Амети се качува на планини
Министерот за животна средина, Башким Амети, вчера му се придружи на Здружението на планинари – Скопје во качувањето на планината Китка.
Министерот Амети пишува на социјалната мрежа „Фејсбук“ дека природните богатства треба да ги чуваме и да ги негуваме, бидејќи од сите нас зависи дали ќе ја имаме или не таа природа што ја бараме.
Инаку, оваа активност се одржа по повод втората годишнина на Здружението на планинари – Скопје, при што една група активисти патуваа до планината Китка. Оваа планина се наоѓа на северо-западниот дел на Скопје, со надморска височина од 1.588 метри. Министерот Амети и порано обожавал планинарење и со ова хоби не престана и по именувањето на министерската позиција неодамна, кога претседателот на ДУИ, Али Ахмети, одлучи да ја смени целата негова извршна екипа.
[Рецензија: Министерот Амети се качува на планини]
Политичарите заслужуваат да бидат промовирани или критикувани за делата што ги направиле, за одговорностите и за обврските што ги презеле кон граѓаните. Ваквите информации може да бидат вести со релевантност и со тежина. Обидот да се промовираат политичарите, правејќи новинарски производи за тоа како тие го поминуваат слободното време, не претставува релевантна вест. За едно кликнување повеќе, многу од порталите не се двоумат да направат „вести“ за секоја објава на „Фејсбук“ на некој политичар или за некој излет на политичарите.
Линк до оригиналниот напис: „Министерот Амети се качи по планини”
Датум и време на објавување: 30.05.2016
Датум на рецензирање: 1.06.2016
Рецензент: Џенис Сулимани
Текстот што го рецензираме е пример за горенаведениот феномен. Овде немаме вест, имаме цитат на една објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ од министерот за животна средина, Башким Амети. Овој последниот не објавил некоја вест или информација за некој проект или акција против загадувањето или за заштита на средината, што би претставувало вест и би било ос интерес на јавноста, туку створил стихови за природните богатства.
„Министерот за животна средина, Башким Амети, вчера му се придружи на Здружението на планинари – Скопје во качувањето на планината Китка. Министерот Амети пишува на социјалната мрежа „Фејсбук“ дека природните богатства треба да ги чуваме и да ги негуваме, бидејќи од сите нас зависи дали ќе ја имаме или не таа природа што ја бараме.
Во текстот се спомнува кратко само дека Амети му се придружил на Здружението на планинари – Скопје во качувањето на планината Китка. Овде би требало да се прошири информацијата. Нема детали за Здружението на планинари – Скопје, а ни за организираната активност.
Во формата, како што се пласиран, текстот претставува класично промовирање на еден политичар, но не на соодветен начин, ниту во соодветниот момент. Вака како што е емитуван, производот претставува класична пропаганда. Во меѓувреме, се знае дека медиумот треба да биде дистанциран од партиските власти или кој било друг субјект.
Етичкиот кодекс на новинарите нè потсетува дека пропагандата за некоја политичка партија или политичар нема ништо заедничко со новинарската професија.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
ПРИСТРАСНОСТ
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови