verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Финтаџиска“ (дез)информација

on 25 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

zaloznici

[Рецензија: Ослободени двајцата заложници од СДСМ (ВИДЕО)]

 

Требало да биде „финтаџиско“ текстче, ама излегло како дезинформатвен напис – привлекува погледи и кликнувања, ама не нуди веродостојна информација.

1111Линк до оригиналниот напис: Ослободени двајцата заложници од СДСМ (ВИДЕО)

Датум и време на објавување: 19.05.2016, 11:57

 Датум на рецензирање: 22.05.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

ЗАЈАДЛИВОСТ И ВАДЕЊЕ ОД КОНТЕКСТ

Станува збор за обид да се направи некаква си козерија од актуелната ситуација во која тазе свиканото Собрание ги констатираше оставките на министрите од редовите на СДСМ. За таа цел се користат измонтирани видеоснимки од настапи на лидерот на опозицијата и на координаторот на пратеничката група на социјалдемократите, демек за да се долови ефектот на контрадикторност кај опозицијата. Но, она што е важно да се напомене е дека имаме пример за вадење од контекст, како од содржински, така и од временски аспект. Никаде не се споменува, во исклучително кусиот текст, дека изјавата на Заев, во која тој зборува за држење во заложништво на СДСМ-кадрите во Владата, е дадена во сосема друго време и околности кога владејачкото мнозинство, од политички причини, не ги констатираше оставките на министрите на СДСМ.

Впечатокот е дека написот на многу сложена ситуација и пристапува „лежерно и опуштено“

„Заложниците во Владата од редовите на СДСМ вчера, конечно, беа ослободени. Собранието ги констатираше нивните оставки и на нивно место назначи нови министри.“

Поточно, сака да ѝ  презентира на јавноста дека смената на министрите на СДСМ (иако нивните оставки беа условени дека ќе се ефектуираат ако има со избори на 5 јуни), му доаѓа нешто како „спасување од маката“ зашто, ете тие биле „заложници“ – термин што погрешно, а верувам намерно, се користи од изјавата на Заев.

Тоа говори дека вистинитоста не е многу јака страна на овој напис, зашто таа е во сенка на мисијата за манипулација. Содржајноста е на иста линија, значи слаба. Пристрасноста е забележливо висока, пред сè, поради навивачкиот тон и зајадливите формулации за опозицијата, додека насловната конструкција е далеку од коректна и доведува до заблуда на публиката:

„Ослободени двајцата заложници од СДСМ (ВИДЕО)“

Сè на сè, неквалитетен материјал заробен во партиско-политички стеги.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести